Од 08-10.09.2023 година во Ново Место и во Семич, Словенија, се одржува 33 Државно првенство во атлетика за параплегичари на Словенија и 54. меморијал проф. Бојана Хроватина, на кој учествуваат спортисти од Словенија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија.
Спортистите Елена Давитковска и Златко Арсовски од 24-27.08.2023 година во Врњачка Бања, учествуваа на 31 Републички спортски игри на параплегичари и квадриплегичари на Срвија во организација на СПИКС.
Елена Давитковска освои: 2-ро место во копје со резултат од 8,15 метри, 3-то место во диск со резултат од 8,47 метри, 3-то место во ѓуле со резултат од 3,70 метри.
Златко Арсовски освои: 4-то место во диск со резултат од 11,69 метри, 9-то место во копје со резултат од 8,50 метри, 11-то место во ѓуле со резултат од 4,22 метри.
На 20.07.2023 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во рамки на проектот „Практикувај демократија“ поддржан од Британската Амбасада во Северна Македонија ја презентираше изготвената анализа која има за цел да ја согледа состојбата со пристапноста до високото образование за лицата со попреченост. Иницијативата за оваа студија произлегува од обврската на државите потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост да обезбедат лицата со попреченост да имаат пристап до високото образование, без дискриминација и на еднаква основа со другите, поради што е потребно да овозможат разумно прилагодување за лицата со попреченост.
Анализата ја утврдува физичката пристапност на објектите на факултетите кои се во рамки на државните универзитети, достапната литература во пристапен формат обезбеденоста со асистивна технологија и/или друг вид на индивидуализирана поддршка за студентите со попреченост како и евалуација на бројот на студенти со попреченост во сите три циклуси на студии.
Во рамките на нашите заложби за вработување на лицата со телесен инвалидитет, во прилог дописот и флаерот кој господин Ardian Skikuli од УНДП го достави до сојузот:
„Почитувани,
Ве информираме дека програмата за самовработување-лица со попреченост е во тек и е отворена за пријава на потенцијални кандидати. Ве молам споделете ја информацијата со Вашите мрежи, со цел истата да пристигне до што е можно поголем аудиториум.“