НСТИЛМ има реализирано огромен број иницијативи заради остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет во сите области на животот.
повеќе
Јануари2010
АШ „Виза“ - единствена автошкола со вградени рачни команди во државата
Авто школата „Виза“ е единствена автошкола во државата која нуди обука за идни возачи со рачни команди, односно оваа авто школа е единственат која поседува возило кое се управува со рачни команди.
Заинтересираните членови можат да се јават во авто школата „Виза“ за подетални информации на тел. бр. 2658-569 по 21ч. или на моб.тел.070 530-852 инструктор Никола Димкоски, кој има големо искуство со обука на инвалидизирани лица кои користат рачни команди.
Планирани активности на НСТИЛМ:
1.-Државното спортско првенство на телесно инвалидизираните лица на Македонија ќе се одржи од 3 до 6 јуни 2010 во Струга и Охрид. Учесниците ќе бидат сместени во хотел „Галеб“ во Струга. Здруженијата треба своите учесници да ги пријават до 01.05.2010г.;
2.- Квиз натпреварите ќе се одржат 1 до 3 октомври 2010г. во хотел „Цар Самоил“ во Банско. Здруженијата се должни да одржат квалификациони натпревари на 09.09.2010г. во 17ч. и за резултатите истиот ден да го известат НСТИЛМ. Здруженијата кои нема да одржат квалификациони натпревари го губат правото на учество;
3.- Музичко литературните средби на НСТИЛМ ќе се одржат од 29 до 31 октомври 2010г., во хотел „Цар Самоил“во Банско. Членовите на НСТИЛМ кои сакаат да земат учество на овие средби своите пријави со демо снимка за музичка изведба односно откуцана авторска поетска творба треба да ги достават најдоцна до 1 септември 2010г.;
4.- Државното шаховско првенство на НСТИЛМ ќе се одржи од 29 до 31 октомври 2010г., во хотел „Цар Самоил“ во Банско. Здруженијата треба да организираат квалификациони натпревари за своите членови најдоцна до 20 септември 2010г. а до 21 септември 2010г. резултатите да ги достават до НСТИЛМ. Здруженијхата кои нема да организираат квалификациони натпревари го губат правото за учество на државното првенство;
5.- Членовите на здруженијата молбите за користење на одмор и опоравок можат да ги доставуваат до здруженијата од 1 до 20 април 2010г.. Здруженијата се должни известијата за одлуката за одобрување одмор и опоравок на своите членови да ја достават во НСТИЛМ до 25 април 2010г.Барањата за користење на репрезентативниот апартаман во Охрид членовите можат да ги поднесуваат непосредно до НСТИЛМ од 1 до 20 април 2010г. ;
6.- Од 20 до 26 април 2010г. во апартманите на НСТИЛМ во Охрид ќе се одржи меѓународна ликовна колонија во организација на НСТИЛМ;
7.- На 8 мај 2010г. во Дебар ќе се одржи тематска работилница на тема: „Лицата со телесен инвалидитет на пазарот на трудот и ортопедските помагала како фактор за социјално вкјлучување на овие лица“.
8.- На 12 јуни 2010г. во местото Куклица во близина на Кратово ќе се одржи работилница на тема „Животот на лицата со телесна инвалидност во маликте локални самоуправи“ со подтеми „Архитектонски и инфраструктурни бариери“, „Образование и можности за вработување“ и Остварување на права.
 |
 |