Спортско - рекреативниот центар „Борис Трајковски“ за сите граѓани со одреден вид на инвалидност, нуди бесплатно пливање во базенот. Исто така нуди и бесплатни часови по пливање во пливачката школа што ја водат осум тренери под раководство на познатата пливачка Наташа Мешковска и други стручни лица. Освен пливањето, лицата со инвалидност во зависност од попреченоста можат да посетуваат и други обуки што се нудат во салата, и тоа во фитнес центарот, кугланата, пинг-понг салата, сауната и друго.