НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

001На 01.10.2022 година, во Бања Лука, се одржа 14. Меѓународен шаховски турнир „Бања Лука 2022“, во организација на Сојуз на параплегичари и заболени од детска парализа и останати телесни инвалиди на Република Српска, на кој учествуваа 6 екипи од: Словенија, Србија Босна и Херцеговина и Северна Македонија.
Мобилност Македонија на овој меѓународен настан ја претставуваа првопласираните тројца шахисти од одржаното државно првенство: Насер Мустафа од Тетово, Даниел Нуневски од Охрид и Горан Војновски од Кочани.
Првото место на турнирот го освои екипата на Бања Лука, на второто место се пласира екипата на Мобилност Македонија, додека на третото место се пласира екипата на Тител од Нови Сад.
Честитки до нашите шахисти за освоеното второ место.
Трошоците за учество на нашата екипа на овој меѓународен спортски настан се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика, од средствата за програмски активности на сојузот за 2022 година.