НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Прва меѓународна креативна работилница во Охрид во организација на Мобилност Скопје

12Почитувани читатели,во еден од минатите броеви на гласилото Феникс 86 ви ја преставивме нашата креативна работилница. Сега сакаме да ги споделиме новостите со вас.Мобилност Скопје организираше прва меѓународна креативна работилница за накит кој го изработуваа лица со телесен инвалидитет членови на мобилност Скопје.На работилницата беа поканети членови од здружението на лица заболени од мултиплекс склероза од Нови Кнежевац - Србија кој почестија со своето присуство.

Првата меѓународна креативна работилница траеше од 12.04 до 19.04.2013 во Охрид. Упорноста, желбата и истрајноста на нашите членови допринесе да создадеме можност за проширување на работилницата и надвор од Скопје, односно да формираме меѓународна креативна работилница да ги здружиме силите со нашите збратимени членови од Нови Књажевац и да создадеме досега најголема работилница со големи искуства кои резултираа благодарение на вештите раце на нашите членови како едни прекрасни уникатни рачни креации.

Работилницата се одвиваше во просториите на Мобилност Охрид и му се заблагодаруваме на Претседателот на Мобилност Охрид господинот Венко Голабоски за срдечноста, за соработката и гостопримливоста за нашите членови, освен тоа ни обезбеди и екипа од локалната тв куќа ТВМ каде што снимивме матријал покажувајќи ја нашата кретивност, а снимениот материјал беше презентиран на вестите. Веста се прошири па и членовите на Мобилност Охрид не посетија и зедоа учество во изработката на накит.

Организацијата му припадна на нашиот претседател Дејан Ѓорѓиевски па така да се беше на ниво, секој ден испланиран и спроведен во најдобар ред. После првото утринско кафе работниот ден го почнувавме со носење на матријалот за продажба на плоштадот во центарот на Охрид каде што задолжени беа Ангела Трпковска и Томислав Попов а потоа за продажбата свој труд вложија Гоце Миновски и Христина Просковска потпомогнати од други членови од Мобилност Скопје.

Потоа следуваше подготовката за ручек а останатите во своите апартмани подготвувавме матријал за работилницата и неуморно секој ден учевме нови шеми- креации. После ручекот се упатувавме во работилницата која беше предводена од Славица Стојановска, секој ден по 4 часа дружење работевме неуморно, учевме изработувавме накит нови креации и нашите досегашни изработки ги покажувавме на нашите гости, во опуштена атмосфера работно поминуваше попладнето задоволството беше обострано, Славица Стојановска ги подучуваше гостите а Хајни Шимон ни го пренесе своето знаење кое е од големо значење за нас и кое ќе го пренесеме на нашите членови во Мобилност Скопје во следната работилница.

После вечерата со кафе си раскажувавме импресии од денот задоволни од се, пропратено со шеги и смеа ни завршуваше денот. Големо изненадување ни приредија господинот Бранимир Јовановски - Претседател на Мобилност Македонија, секретарот на Мобилност Македонија госпоѓата Софче Прчева и Генералниот секретар на националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија господинот Драган Дојчиноски кој ни дојдоа во посета и поминаа неколку часа дружејки се со нас што ни беше од голема важност и задоволство.

Секојдневните обврски ни го исполнуваа денот па едвај да имавме време да прошетаме, благодерение на претседателот и неговата организираност еден ден го посетивме Плаошник, ја разгледувавме црквата и се восхитувавме на убавините на Охридското езеро. За разлика од нас, нашите гости имаа повеќе време па беа во посета на Св Наум, Билјанините извори и на Музејот Градот на Коските. Нивното задоволство беше преголемо.

Учество во оваа меѓународна креативна работилница имаа членовите од Мобилност Скопје и тоа Дејан Ѓорѓиевски, Томислав Попов, Славица Стојановска, Христина Просковска, Марина Сурловска, Ивона Грујоска, Александар Јовановски, Рашо Талунџиќ, Живка Талунџиќ, Ангела Трпковска, Гоце Миновски и Добрила Сурловска. Гости ни беа Славица Зориќ, Шимон Хајни, Наги Рожа, Фехер Илдика, Гизела Сарнаи и Ева Фејош. Голема благодарност до госпогата Живка и госпоѓата Добрила кој вложија несебичен труд околу подготовката на ручекот и вечерата.

Предпоследната вечер имавме забава која помина весело расположено со песна и некое оро а господинот Венко ни приреди изнеандување рецитирајќи ни поезија од врвни писатели каде што бевме трогнати до солзи. Учесниците на креативната работилница беа сместени во апартманите во населбата Охридати кој се во сопственост на Националниот Сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност Македонија кој многу ни помогнаа за да може удобно да се сместат сите учесници. Мобилност Скопје од се срце им се заблагодарува за несебичната помош и подршка на претседателот на Мобилност Македонија Бранимир Јовановски и секретарот на Мобилност Македонија Софче Прчева. Истотака сакаме да се заблагодариме и на неколкуте донации кои ја помогнаа оваа организација со донација на свои производи од нивниот асортиман и тоа Мега, ЕСЗ Тигар, Здравје Радово и Сити Вендинг дооел Скопје. Со вложен труд и работа ќе се потрудиме и се надеваме на успех, за да може оваа креативна работилница да прерасне во традиција и од година во година да биде се поуспешна и помасовна.

Воедно ги покануваме сите заинетересирани членови на Мобилност Скопје кои сакаат да се дружат а воедно и да научат да изработуваат накит да ни се придружат секој четврток од 16 до 20 часот во просториите на ДХО Даре Џамбаз.