Мобилност Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и општината Кисела Вода - Скопје успеа да ја реализира изградбата на 8-то инклузивно детско игралиште во рамките на Проектот кој веќе 3-та година успешно се реализира.
Претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, претседателот на Советот на општината Кисела Вода, Трајче Донев, и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, во рамките на одбележување на патрониот празник на општината Кисела Вода - Скопје, 06.05.2015 (Ѓурѓовден) ја пресекоа лентата и го пуштија во употреба инклузивното игралиште. На свеченото отварање на игралиштето поред децата со пречки во развојот од градот Скопје и нивните родители, потоа бројни граѓани од општината, присуствуваа и: Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија и Дејан Ѓорѓиевски, претседател на Мобилност Скопје и член на Управниот одбор на Мобилност Македонија. Во таа прилика на Општина Кисела Вода и го честитавме патрониот празник и им се заблагодаривме за отстапениот простор до маркетот „Тинекс“ во близина на објектот на општината,како и за изведувањето на градежните работи за уредување на просторот за поставување на специфичните справи за детските игри.
На 02.04.2015 година, во канцеларијата на Мобилност Маедонија се одржа средба помеѓу Јан Грензебах – практикант во Германска амбасада во Скоје, Клаудија Петровска, оддел за администрација при амбасадата, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар Софка Прчева.
Тема на средбата беше имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност. Во разговорот ги истакнавме проблемите со архитектонските бариери кои всушност претставуваат и најголема пречка за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во општеството, бариери кои го спречуваат образованието на лицата со најтежок телесен инвалидитет и со самото тоа ги ставаат во редот на неконкурентни лица на пазарот на трудот, потоа разговаравме за квалитетот на ортопедските помагала и роковите за користење како предуслов за самостојно движење, за јавниот градски превоз, за надоместоците како компензација на инвалидноста...
На 23.12.2014 година, во просториите на Фудбалска федерација на Македонија беше одржан работен состанок на кој што беа поставени основните темели за понатамошна соработка помеѓу ФФМ и Мобилност Македонија. На состанокот присуствуваа: Филип Поповски - генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Бранимир Јовановски - претседател на Мобилност Македонија, Драган Дојчиновски -генерален секретар на Македонскиот параолимписки комитет, Бобан Јордановски и Никола Делов (членови на органи на Мобилност Македонија) кои ја запозна фудбалската федерација со застапеноста на „најважната споредна работа“ и двата типа на фудбалски средби за лица со инвалидтет каде има натревари за слепи (Ф5а) и фудбал за лица со церебрална паралза (Ф7а). Идејата е да се формира национална селекција на лица со телесен инвалидитет и во ова фаза на пионерски чекори до сега во сојузот има пријавено 15 фудбалери. Планирано е на терените во спорскиот центар „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на Фудбалот“ да се одигра ревијален натревар со цел да се подигне и зголеми свеста за лицата со инвалидност. По завршувањето на состанок беа донирани 15 комплети на спортска опрема (Маици, шорцеви и тренерки) и 4 фудбали за футсал.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, преку Фудбалската федерација на Македонија се вклучи во проектот на УЕФА - „Капитени на промени“. Проектот се спроведува во голем број од европските земји. Целта на овој проект е да се влијае на креирање на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата , националната припадност и физичката способност.
Фудбалската федерација на Македонија во рамките на проектот „Капитени на промени“ на натпреварот Македонија – Белорусија, покани членови на Мобилност Македонија да ја подржат нашата репрезентација. Фудбалскиот натпревар се играше на 27 март на Националната арена „Филип Втори“.