
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 260 став 1 од Законот за социјалната заштита (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19 и 146/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 декември 2019 година, донeсе ПРОГРАМА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО ТЕШКА И НАЈТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2020 ГОДИНА
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, преку својата Комисија за Статутарно правни работи, го разгледа текстот на Нацрт - Закон за градење, воочи некои недостатоци и во интерес на подобрување на текстот во однос на овозможувае на пристапност (хоризонтална и вертикална) на лицата со инвалидност, самостојно и непречено движење, домување и работење, а се во духот на мерките од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност, благовремено и во неколку наврати достави забелешки, сугестии и коментари до Министерството за транспорт и врски.
Беа одржани неколку работни состаноци со претставници на министерството, советници на Премиерот, а последната од нив се одржа на 27.12.2019 година во просториите на Владата на Северна Македонија на која поред другите присуствуваше и изготвувачот на текстот, проф д-р Грчев.
Мобилност Македонија пред подолго време поднесе иницијатива и беше во постојани преговори со ФЗОМ и со Министерството за здравство за измена на Законот за здравствено осигурување во делот кој оневозможуваше доплата на разликата помеѓу реалната цена на помагалата и референтна цена за набавка на ортопедски помагала дефинирана од фондот (им се наплатуваше целосен износ на помагалото), како и за укинување на условот здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата.
На 27.12.2019 година во Службен Весник на РСМ бр.275, објавен е Законот за измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој:
- во член 2 кој се однесува на член 9 од важечкиот закон се укинува целосно став 3 и со самото тоа целосно се укинува условот за конринуитет здравственото осигурување да траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на потребата за остварување на право на протези, ортопедски и други помагала, помошни и санитетски справи и материјали и заботехнички средства.
На 26.12.2019 година во просториите на ФЗОМ, а по барање на Мобилност Македонија, се одржа уште еден работен состанок помеѓу претставниците на Мобилност Македонија (Бранимир Јовановски и Софка Прчева) и претставниците на ФЗОМ (д-р Вера Митровска и Даниела Стојановска Ѓинговска), а во врска со нашите барања за ортопедски помагала, во овој случај за стандардно лесни инвалидски колички и за активни инвалидски колички.
Овие преговори траат скоро 3 години и конечно им се гледа крајот. Од д-р Вера, претставник на ФЗОМ, ни беше кажано дека нашите напори конечно вродија со плод, буџетот за ортопедски помагала на фондот за 2020 е зголемен на наше инсистирање и конечно може да се пристапи кон реализација на нашите барања.