
На 06.10.2020 година, во големата сала на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, со почеток во 11 часот со присуство на триесетина претставници на здружените членки на Мобилност Македонија, како и други поканети гости, беше пригодно одбележан 6 Октомври - Светскиот ден на лицата со церебрална парализа.
Мобилност Македонија, во соорганизација со Параолимпискиот Комитет на Северна Македонија, на 28.09.2020 година, во хотел „Романтик“ – на езерото „Младост“ во Велес, го одржа 32-рото Државно првенство во шах.
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија, на 26-27.09.2020 година, во големата сала на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, го одржа 26-то издание на Републичкиот квиз натпревар за лица со телесен инвалидитет на Македонија.
На 25.09.2020 година во балонот на хотел Александар Палас во Скопје, претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на работна средба што ја одржа министерката за образование и наука, Мила Царовска, со претставници на над 30 граѓански организации со кои дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.