НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Активности

Мобилност Скопје со својата креативна работилница во  Нови Књежевац

slika 2Здружението на лица со телесен инвалидитет Скопје Мобилност Скопје учестваше   на креативната  работилница за рачна изработка на накит во Нови Кнежевац Србија, на покана од збратименото Здружение на лица заболени од мултипла склероза на Севернобанатскиот округ со седиште во Нови Кнежевац.

Заедничката соработка во спроведување на креативните работилници за изработка на накит e започната и трае повеќе  години. Нивното искуство во изработка на накит го пренесовме кај нас. Тоа искуство пррасна во креативна работилница за изработка на накит и за меѓусебно другарување. Учесниците на работилницата си најдоа  свое катче за изразување на своите способности, креативности и фантазии. Преку другарување и работа раководителот на работилницата Славица Стојановска  успеа да ги задржи посетителите на работилницата и да го зголеми нивниот број. Така  секој четврток се очекува со нетрпении и тоа е  еден извонреден состанок на кој има две точки на дневниот ред и тоа работа и другарување.

Повеќе: Kреативна работилница во Нови Књежевац

slika 6На 14 и 15.09.2013 година во хотел „Галеб“ во Струга, во организација на Мобилност Македонија беше одржано 25-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.

На првенството учествуваа 20 натпреварувачи од кои 10 директно пласирани од минатогодишното првенство. Натпреварот се одржа по Швајцарски систем во 7 кола каде редоследот се одредуваше врз основа на број на освоени поени, а во случај на еднаков број на поени, повисокиот пласман се пресметуваше најнапред врз основа на прогрес, па потоа Бухолц, број на победи и тн.

Повеќе: Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет за 2013 година

Убав пример за инклузија на лицата со телесен инвалидитет

slika2Инклузијата на учениците со телесен инвалидите  во редовните основни училишта претставуваа дел од светското движење, кое прокламира вклучување на сите лица со инвалидност во сите сегменти на општественото живеење.Основното училиште Ј.Х.Песталоци кое се наоѓа во општина Центар континуирано се залага за лицата со инвалидност и зазема афирмативен став за инклузивносто образование. ОУ Ј.Х.Песталоци во изминатите две години бележи голем исчекор во полето на инклузијата преку секојдневната пракса во Училиштето.

Повеќе: Пример за инклузија

slika1            На Скопскиот саем се одржаа етно денови на жените на Гази Баба организирани од општинта на Гази Баба. Оваа манифестација беше отворена од градоначалникот на општина Гази Баба  Тони Трајковски, а присутните ги поздрави и организаторот на саемот г-ѓа Ленче Јовановска. 

            Манифестацијата имаше  забавно - музички дел во кој со свои настапи се претставија гости од Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ и гости од Македонско-српско здружение од Краљево кои беа облечени во народни носии.

       Етно салата беше   украсена во етно стил. Исто така беа украсени и штандовите на кои беа претставени  народни носии, уметнички ракотворби, разновидни украси, накити, бардаци, тави и многу други рачно изработени предмети. Освен претставнички  од сите општини во Градот Скопје, со свои штандови се претставија жените од   Прилеп, Крушево и Врање.

Повеќе: Мобилност Скопје на Скопски Саем

slika 10На покана на фондацијата „Сила за живот“ од Велико Трново - Бугарија, тричлена делегација на Мобилност Македонија во состав: Бранимир Јовановски, Софка Прчева и Дејан Ѓорѓиевски од 20-27.08.2013 година присуствуваа на осмиот музички фестивал на лица со инвалидност во Поморје, Бугарија. Заедно со делегацијата патуваа и нашите членови – музичари и интерпретатори на народна музика, посебно поканети од страна на организаторот: Николчо Делов, Сотир Јоновски, Севдет Фејсулов и Зорица Гочевска.

Повеќе: 8-ми Музички фестивал Поморие 2013