НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

19иМузички средби на лица со телесен инвалидитет на Македонија

slika 1И оваа година низ големата сала на хотелот “Цар Самуил” во с.Банско-Струмица ечеше македонска народна песна, се менуваа вокалните интерпретатори од редот на лицата со телесен инвалидитет еден по еден во желба да се закитат со едно од признанијата кои за најуспешните тројца интерпретатори ги обезбеди организаторот Мобилност Македонија, Манифестацијата 19-ти Музички средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија се одржа на 24.11.2013 година, а поред 15-те домашни изведувачи на македонски народни песни, кои се натпреваруваа за епитетот најдобар интерпретатор, во ревијалниот дел настапија двајца гости од Бугарија, Иван Караиованов со прекарот бугарски Том Џонс и Румен Михајлов, и двајцата членови на фондацијата „Сила за живот“ кои исполнија повеќе нумери од познати странски изведувачи.

Повеќе...

16-та традиционална манифестација „Tортијада 2013“

slika 3Во саботата, на 9 ноември во хотелот „Цар Самуил“ во Банско Струмица се одржа 16-та традиционална меѓународна манифестација „Тортијада 2013“ во организација на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Струмица – Мобилност Струмица, а финансиски подржана од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Учесниците ги пријавуваа тортите под шифра на самиот ден на пристигнувањето. Според пропозициите учесниците имаа право да ги донесат тестата за тортите направени, а филувањето и декоративниот дел од тортатата го приготвуваа пред жири комисијата.

Повеќе...

Европско првенство во стрелаштво Аликанте 2013

-Две „стативи“ за македонските параолимпијци-стрелци

foto 7Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидност учествуваше на Европското првенство во стрелаштво што се одржа во Шпанија, во Аликанте од 18-26.10.2013 година. Натпреварот беше спровден согласно правилата на ISSF и на IPC-Shooting. После подолго време, поточно од 2007 година, конечно најдобрите евтопски стрелци добија шанса да се натпреваруваат на ваков престижен натпревар. Република македонија на овој натпревар ја претставуваа: Бранимир Јовановски (тренер, селектор и натпреварувач), Оливера Наовска-Бикова, Ванчо Каранфилов и Лидија Крстеска (стрелци) и Драган Дојчиноски (тим лидер и асистент). Финансиската конструкција беше затворена благодаение на средствата од Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална политика, Општина Гази Баба, Скопје и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ Скоје. Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет им изразува голема благодарност до нашите финансиери, спонзори и донатори.

Повеќе...

slika1На покана на Инвалидските здруженија и сојузи на Унско-Санскиот кантон,четворица претставници на Мобилност Македонија присуствуваа на Седмата Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност.Составот на екипата беше Васил Томов,Рашо и Живка Талунџиќ и Горан Војновски.

 Конференцијата се одржа во рамките на Кампањата “Да делуваме заедно” која ја спроведува Коалицијата за стратегија и изедначување на можностите и правата на лица со инвалидност на Унско-Санскиот кантон.

Конференцијата се одржа на 23 и 24 октомври 2013 година во Сански Мост хотел Златна долина а гостите од страна беа сместени во хотел Санус.

Повеќе...

Oбука за користење и поправка на инвалидски колички

slika 14Минатата година Мобилност Македонија преку Црвениот крст на град Скопје, оствари соработка со американската хуманитарна организација „Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежните дни“, кога договори  донација во ортопедски помагала. Оваа организација на барање на Мобилност Македонија обезбеди: 145 собни и теренски инвалидски колички, 58 бастуни, 58 подлактни штаки, 35 подпазувни патерици,  11 одалки, 98 антидекубитални перничиња со гел, 21 антидекубитални перничиња со пена, 50 резервни гуми за инвалидски колилки и 50 резервни гуми за патерици .

Повеќе...