НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Logo            Често пати имам впечаток дека сите ние не ги знаеме доволно нашите права од социјалната заштита. Некои од нас делумно а други воопшто не ги знаат сите права кои се од сферата на социјалната заштита и често пати поради тоа некои од нашите членови не ги остваруваат овие права а можеле да ги користат доколку се запознаат со своите права. Затоа во овој текст накусо ќе се обидам да ги информирам членовите на Мобилност Македонија со основните право од социјалната заштита со надеж дека некои од вас кога ќе се информираат полесно и ќе си го остварат своето право кое им припаѓа но од разни причини не го оствариле.

            Во Законот за социјална заштита  (ЗСЗ) се опфатени различни права од областа на социјалната заштита кои наполно или во одредени сегменти  се однесуваат на лицата со инвалидност. Според овој Закон „инвалидно лице се смета лице со ментална или телесна попреченост“.

Повеќе...

avrmВрз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 18.07.2015 година,  објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС

до

невработените инвалидни лица

Повеќе...

1 1            Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидитет во состав: Бранимир Јовановски (тренер и спортист), Оливера Наковска-Бикова, Ванчо Каранфилов, Лидија Крстеска и Александар Јовановски (стрелци), настапи на првиот ИПЦ Светски куп во стрелаштво кој се одржа во Осијек, Хрватска од 07-15.07.2015 година и кој беше од квалификациски карактер за учество на Параолимписките игри во Рио 2016 година. Од минатата година, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов имаат обезбедено квоти за следните Параолимписки игри во Рио, на Ванчо Каранфилов му требаше само уште исполнување на минимум параолимписка норма во дисциплината воздушен пиштол за да настапи на игрите во сите 3 пиштолски дисциплини. За Бранимир Јовановски, Лидија Крстеска и Александар Јовановски настапот на првенството беше можност за обезбедување на директна квота. На Александар Јовановски ова му беше прв меѓународен натпревар, можност да помине медицинска класификација и да добиеме стручен совет за висината на дозволениот наслон и адаптирање на количката од која стрела.

Повеќе...

mtspНадоместокот за социјална  помош  зголемен за 10%

            Од 1јули 2015 година паричниот надоместок за социјална помош е исплатен со зголемување од 10%. Иако првично беше најавено зголемување од 5%, со дополнителни измени на Законот за социјална зштита надоместокот за социјална парична помош е зголемен за 10%.

            Овој вид на парична помош во државава ја примаат околу 30.000 семејства. Министерот за труд и социјална политика во изјавата за медиумите истакна дека Владата и понатаму ќе продолжи да се грижи за социјално ранливите категории на граѓани со низа мерки и проекти.

Повеќе...

1            На 04.07.2015 година во Вараждин, Хрватска, се одржа меѓународниот натпревар „CRO Open 2015“  на кој учествуваа 87 натпреварувачи ( 75 во машка и 12 во женска конкуренција) од 8 држави.

            Нашиот сојуз на натпреварот го претставуваа спортистите Александар Талески и Дејан Ѓорѓиевски, предводени од селекторот Крсте Серафимовски.

            Алекдандар Талески настапи во 2 дисциплини во класата Ф46. Во дисциплината  копје го освои 1-то место (од двајца натпреварувачи) со резултат од 39,38 метри, додека во дисциплината ѓуле 7-то место (од седум натпреварувачи) со резултат од 10,00 метри.

            Дејан Ѓорѓиевски настапи во три досцилини во класата Ф57. Во дисциплината диск го освои 4-то место (од пет натпреварувачи) со резултат од 20,67 метри, во дисциплината копје 5-то место (од пет натпреварувачи) со резултат од 18,33 метри и во дисциплината ѓуле 7-то место (од седум натпреварувачи) со резултат од 7,39 метри.

Повеќе...