НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

Екипата на Мобилност Македонија во состав: Јанчо Ѓорѓевски, Горан Војновски и Александар Стојчески, на 15.04.2026 година настапи на меѓународниот турнир во шах во Семич, Словенија, и во конкуренција на пет екипи убедливо го освои првото место. Турнирот се играше двокружно, што значи дека нашите шахисти извојуваа осум победи.

На второто место се пласира екипата на Словенија 2, а на третото Словенија 1.

Поред пехарот за прво место кој градоначалничката на општина Семич го додели на капитенот на Мобилност Македонија, организаторот му додели пехар и на најмладиот шахист, нашиот Александар Стојчески, кој извојува максимални осум победи од осум партии на третата табла. Исто толку победи на втората табла извојува Горан Војновски, додека Јанчо Ѓорѓевски на првата тавла освои 6,5 поени од осум можни.

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ

Врз основа на член 5 став (1) од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година (“Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.36/26),  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

oбјавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година

Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно  Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 (“Службен весник на Република Северна Македонија„ бр.36/26) (во натамошниот текст програма), Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (во понатамошниот текст: Министерство) доделува финансиска поддршка преку потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5kW кој има најмалку енергетска класа А+ (во понатамошниот текст: потврда – ваучер) на:

Повеќе...

001На 23.12.2025 во Клуб на пратеници, со почеток од 10:00 часот, беше одржана информативна средба помеѓу претставници на МСПДМ и претставници на инвалидските организации и здруженија.
Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ), во рамките на „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“, поддржан од Светска банка, го започна процесот на пилотирање на системот за проценка на лицата со попреченост, согласно Законот за системот за проценка на лица со попреченост.

Во рамките на таа активност планирано е спроведување на информативни средби со различни чинители со цел запознавање на активностите кои се преземаат од страна на МСПДМ со цел ефикасно спорведување на процесот на пилотирање и проценка за лица со попреченост.

Повеќе...

003Вчера, 02.12.2025 година во хотелот " Double Tree by Hilton во Скопје, на пригоден начин беа доделени признанијата Ability Awards за 2025 година во 20 категории.

Ова беше второто издание на манифестацијата, а меѓу десетте лауреати од редот на лицата со попреченост, беа номинирани и се закитија со признанија и членовите на Мобилност Куманово, Кратово и Крива Паланка и тоа:
Елена Давитковска во категоријата - СПОРТ, и
Елизабета и Новча Тодоровски, во категоријата - САМОСТОЕН ЖИВОТ.

Честитки до добитниците на признанијата, пособена честитка до нашите членови, сосема заслужено.

Да потсетиме, на првото издание на Ability Awards, кое се одржа минатата година, нашиот член Бранимир Јовановски го доби признанието - БОРЕЦ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Повеќе...