Репрезентацијата на Мобилност Македонија во состав: Јанчо Ѓорѓевски на прва табла, Горан Војновски на втора табла, и Тоде Арсов на трета тавла, го освои првото место со максимален број на победи (4) на 15. Меѓународно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет, што се одржа од 13-15.10.2023 во Бања Лука, на кое учествуваа и екипите на: Тител од Србија, репрезентација на Република Српска, репрезентација на федерација БиХ и репрезентација на параплегичари на Словенија.
На 07-08.10.2023 година, во хотелот "Галеб" во Струга, се одржа 29. Републички квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.
Минатата година Мобилност Македонија со здружените членки имаше активност на прибирање на барања од членови за добивање на ортопедски помагала (колички, штаки, одалки...), како донација од хуманитарната организација "Црквата на Исус Христос на светците од подоцнежни дни" од САД.
Од 02-08.10.2023 година, во Охрид, под покровителство на Мобилност Македонија од средствата обезбедени од финансирање на програмските активности за 2023 година од Министерството за труд и социјална политика, се одржува 12. Меѓународна ликовна колонија на која заеднички творат нашите талентирани членови и ликовни уметници Роза Мојсовска и Тома Димовски, со петнаесет ликовни уметници од Србија и Северна Македонија: Проф. Зоран Јакимовски, Петар Попчев, Доне Мајновски, Димитар Димитров, Јоана Арсовска, Емилија Тоциновска, Стојче Тоциновски, Живко Пренџов, Клара Томиќ Касаш, Станислава Летиќ, Љиљана Недељков, Ана Фафулиќ, Јасмина Пајовиќ, Жарко Ѓукиќ и Светлана Мориц Миладиќ.
Мобилност Македонија посочува дека овој ден, кој се одбележува секоја година на 6-ти октомври, треба да послужи како платформа за подигање на свеста за церебралната парализа, за поддршка на оние кои живеат со оваа состојба и се залага за поголема вклученост и разбирање. Децата и возрасните погодени од церебрална парализа често се соочуваат со предизвици кои го попречуваат нивното целосно учество во општеството. Денот фрла светлина врз потребата за зголемена свест, разбирање и поддршка за лицата со церебрална парализа.