НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001На 24-25.05.2025 година, во хотелот "Конгресен Центар" во Охрид, во организација на Мобилност Макединија и соорганизација со Параолимписки комитет на Северна Македонија, се одржа 37. Државно првенство на лица со телесен инвалидитет на Македонија на кое настапија 20 шахисти од здружените членки и една гостинка од Бања Лука.

Во фер и коректна борба, првото место го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со 6,5 поени (од 7 можни), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени, третото Александар Стојчески од Скопје со 5 поени.

Повеќе...

005На 07.05.2025 година, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија–Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, доделија 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет.

Примопредавањето на ортопедските помагала беше извршено во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, Скопје, а средствата за набавка на помагалата беа обезбедени и одобрени од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, по претходно барање и аплицирање на Мобилност Македонија низ годишните програми. Овие помагала беа набавени од прибраните средства за 2022, 2023 и 2024. Мобилност Македонија ги акумулираше средствата за да може одеднаш да набави повеќе ортопедски помагала, бидејќи со едногодишните средства може да се набават 5-6 помагала, со што би се ставиле во позиција голем дел од барателите на помагалата да бидат одбиени.

Повеќе...

001На 06.03.2025 година, во просториите на Мисијата на Светска Банка во Скопје, во присуство на повеќе претставници на Националните инвалидски организации на Македонија, претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и претставници на други здруженија и организации, се одржа работен состанок на кој од страна на претставниците од Мисијата на Светска Банка, Manuela Sofia Stanculescu и Georgiana (Geo) Blaj, беше претставен „Проектот за администрирање на социјалното осигурување“, кој ќе се спроведува од страна на Министерството за социјална политика демографија и млади, а со поддршка на Светска Банка.

Мобилност Македонија на овој состанок ја претставуваа претседателот, Бранимир Јовановски, и секретарот, Гораст Велковски.

Повеќе...

001Шест ученици од 6-то одделение при Меѓународното училиште IPS Macedonia кое работи по IB програмата (Meѓународна матура):Мартин Крстевски, Марио Иваноски, Андреј Михајлоски, Надја Митрески, Викторија Делова и Тарик Локче, придружувани од две наставнички: Кристина Ацовска и Сабина Фејзули, на 30.04.2025 година ја посетија канцеларијата на Мобилност Македонија и преку интервју на претседателот и секретарот на сојузот поставија повеќе прашања преку кои се интересираа за организациската поставеност на сојузот, нашата мисија, целите и задачите, нашата програма и реализирани активности, успесите и неуспесите со кои сме се соочиле, како и совет како тие би можеле да им помогнат на децата и лицата со телесен инвалидитет.

Повеќе...

001На 09.01.2025 година, претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, генералниот секретар, Софка Прчева и секретарот, Гораст Велковски, одржаа работен состанок со генералните директори на Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, на кој присуствуваа и Даниела Стојановска Џинговска-Советник на Директорот за ортопедски помагала, Весна Маркоска-Директор на Сектор за ортопедски помагала и специфични здравствени услуги, и Елена Тулевска-Раководител на одделение за план и анализа.

Повеќе...