
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
усвоен во Собранието на РМ на 09.11.2017 година, а објавен во Службен весник бр.163 од 14.11.2017 година
Повеќето од мерките за кои се залагаше Мобилност Македонија во последните години за укинување на одредбите за врзување на правото за одредени надоместоци со годишните нето примања на корисникот беа донесени како измени и дополнувања на Законот за социјална заштита на 09.11.2017 година, меѓу кои:
На 20.12.2017 година во кабинетот на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев беше одржана работна средба со претседателот на Мобилност Македонија и на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ. Беа дискутирани повеќе прашања од интерес на членството во однос на досегашните постигнувања и трите работни средби со Комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, за пристапноста на институциите и општото опкружување во целост, за функционирањето на Националното координативното тело, очекуваната конститутивна седница во новиот состав во првата половина на 2018 година и други програмски планови содржани во програмата на сојузот за 2018 година. Добивме целосна поддршка од Премиерот Зоран Заев кој меѓу другото истакна: „Кога велиме дека градиме едно општество за сите, велиме и дека сме пријатели и создаваме пријателска средина и за лицата со посебни потреби. Затоа ги охрабрувам сите институции да работат исклучиво во насока на подобрување на условите за живот и на овие наши сограѓани.“
Во име на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 18.12.2017 година во Хотел Мериот – Скопје, со почеток во 12.30 часот се одржа конференција на тема „Креирање на инклузивни услуги за деца и лица со попреченост“. Главната цел на конференцијата беше да се презентираат обрските и заложбите на државата во согласност со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.
Настанот се фокусира на новите услуги и решенија кои имаат за цел остварување на идејата за независен живот во заедницата и обезбедување на еднакви образовни можности за децата и лицата со попреченост.
На 13 декември во Собранието на РМ, Мобилност Македонија преку генералниот секретар Софка Прчева, оствари работна средба со пратениците Горан Милевски и Јулијана Николова Либерално демокртаска партија.
На средбата, пратениците беа запознаени со целите и задачите на Мобилност Македонија, како и со програмата за работа, во која потенциравме дека главните активности првенствено се фокусирани на пристапноста, достапноста, образованието, вработувањето, здравствената заштита, социјалната заштита, подигнување на јавната свест и сл.