
Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, ги повикува членовите кои имаат потреба од следните додатоци на ортопедски помагала:
до 31.08.2018 година да аплицираат на e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Податокот ни е потребен заради обезбедување на средства за нивна набавка. Доколку сојузот обезбеди наменски средства, ќе бидат изготвени посебни критериуми за набавка и доделување на горе наведените додатоци на ортопедските помагала во количина за кои ќе бидат обезбедени средствата, за кои лицата што аплицирале дополнително ќе бидат известени.
Вашата апликација треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме, дијагноза, возраст, контакт (моб. телефон, адреса и e-mail).
На 10.08.2018 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, претставниците на УНДП, Урим Касапи - програмски координатор за социјални инклузии, Дамјан Митев - проект менаџер, Сузана Ахмети, Марија Трифуновска и Ана Димовска Котевска, во соработка со Мобилност Македонија, одржаа едукативна работилница на која присуствуваа 25 лица од кои половината лица со телесен инвалидитет, членови на Мобилност Македонија од Скопје и Битола.
На 4 август оваа година се одржа XXIV издание на Музичките средби на лицата со телесен инвалидитет во организација на Мобилност Македонија. Музичките средби како фестивал по четврти пат се одржаа во рамките на струмичкото културно лето „Опен Фест Струмица“. На манифестацијата зедоа учество 12 учесници со изведби на македонски народни песни. Нив ги придружуваше оркестарот на Мобилност Македонија КУД „Феникс“.
Водител на настанот беше Ѓорги Калајџиев кој истовремено беше и член на жири комисијата покрај Зоран Вета и Костадин Стојанов – познати музички работници од Струмица.
Првата награда и припадна на Јованка Атанасова од Велес која ја испеа песната „Море сокол пие“. Втората награда ја освои Трајче Лазаров од Кавадарци со песната „Разболе се Ирина мома“, а третото место му припадна на Петре Јованов од село Подареш – Радовиш кој ја испеа песната „Жени ме мамо“.
Мобилност Македонија оствари работна средба со министерот за здравство, д-р Венко Филипче. На средбата го запознавме министерот за активностите што нашиот сојуз ги презема за подобрување на здравствената заштита на лицата со телесен инвалидитет. Најавивме иницијатива за измени и дополненија на Законот за здравствена заштита во однос на: зголемување на старосна граница за потреба од придружба на дете со телесен инвалидитет при болничко лекување, зголемување на лимитот на болнички денови за успешно санирање и третирање на одредени состојби, ревизија на право на рехабилитација и опоравок како потреба, а не како продолжено болничко лекување, лекарства и зголемување на буџет на клиники за набавка на лекарства за третман на одредени дијагнози, како и иницијативата која е во рамките на одлучување на ФЗОМ за ортопедски помагала, за која во соработка со партнерски организации сработивме и Правилник за измени и дополненија на Правилникот за индикации за остварување на правото на ортопедски и други помагала, и Список на ортопедски помагала со ИСО 9999 стандарди, кои уште пред еден месец ги доставивме до ФЗОМ и очекуваме повик за работна средба во однос на конечно разрешување на ова прашање и воведување на пософистицирани ортопедски помагала и делови за нивна изработка на терет на фондот. Ова последново од причина што минатата година министерот Филипче (во тоа време советник на премиерот Заев за областа на здравството), учествуваше на работните средби кои ги имавме на оваа тема со директорот на ФЗОМ, Ден Дончев и неговиот тим.