НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА     

Mobile menu

Активности

001 2023Мобилност Македонија посочува дека овој ден, кој се одбележува секоја година на 6-ти октомври, треба да послужи како платформа за подигање на свеста за церебралната парализа, за поддршка на оние кои живеат со оваа состојба и се залага за поголема вклученост и разбирање. Децата и возрасните погодени од церебрална парализа често се соочуваат со предизвици кои го попречуваат нивното целосно учество во општеството. Денот фрла светлина врз потребата за зголемена свест, разбирање и поддршка за лицата со церебрална парализа.
Темата за Светскиот ден на церебралната парализа во 2023 година е „Заедно посилни“. Оваа тема ја нагласува важноста на единството, соработката и взаемната поддршка во заедницата за церебрална парализа и пошироко. Истакнува дека кога поединците, семејствата, старателите и заедниците ќе се здружат, тие стануваат моќна сила за позитивни промени и вклучување.
Повеќе: МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА И ГОДИНАВА, СО АПЕЛ ДО ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВАТА И...
001На 13.09.2023 година претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Софка Печева, остварија работна средба со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
На получасовната работна средба дискутиравме за повеќе прашања од интерес на правата и заштитата на лицата со телесен инвалидитет, но и за подобрување на финансирањето на националниот сојуз, Мобилност Македонија.
Истакнавме дека очекуваме нашите барања кои во изминатите години повеќекратно ги доставувавме до Владата на РСМ, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, а се однесуваат на зголемувањето на износот на надоместоците од социјалната заштита (нега и помош од друго лице, попреченост, посебен додаток...), да бидат земени во предвид и реализирани со новиот Буџет за 2024 година.
Повеќе: РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА
002Од 08-10.09.2023 година во Ново Место и во Семич, Словенија, се одржува 33 Државно првенство во атлетика за параплегичари на Словенија и 54. меморијал проф. Бојана Хроватина, на кој учествуваат спортисти од Словенија, Чешка, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија.
Повеќе: ПРВО МЕСТО ЗА ЕЛЕНА ДАВИТКОВСКА на 54. МЕМОРИАЛ ПРОФ. БОЈАН ХРОВАТИН
006Спортистите Елена Давитковска и Златко Арсовски од 24-27.08.2023 година во Врњачка Бања, учествуваа на 31 Републички спортски игри на параплегичари и квадриплегичари на Срвија во организација на СПИКС.
Елена Давитковска освои: 2-ро место во копје со резултат од 8,15 метри, 3-то место во диск со резултат од 8,47 метри, 3-то место во ѓуле со резултат од 3,70 метри.
Златко Арсовски освои: 4-то место во диск со резултат од 11,69 метри, 9-то место во копје со резултат од 8,50 метри, 11-то место во ѓуле со резултат од 4,22 метри.
Повеќе: УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ ЕЛЕНА ДАВИТКОВСКА И ЗЛАТКО АРСОВСКИ НА НАТПРЕВАРОТ ВО...
001На 20.07.2023 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во рамки на проектот „Практикувај демократија“ поддржан од Британската Амбасада во Северна Македонија ја презентираше изготвената анализа која има за цел да ја согледа состојбата со пристапноста до високото образование за лицата со попреченост. Иницијативата за оваа студија произлегува од обврската на државите потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост да обезбедат лицата со попреченост да имаат пристап до високото образование, без дискриминација и на еднаква основа со другите, поради што е потребно да овозможат разумно прилагодување за лицата со попреченост.
Анализата ја утврдува физичката пристапност на објектите на факултетите кои се во рамки на државните универзитети, достапната литература во пристапен формат обезбеденоста со асистивна технологија и/или друг вид на индивидуализирана поддршка за студентите со попреченост како и евалуација на бројот на студенти со попреченост во сите три циклуси на студии.
Повеќе: ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КЛУЧНИТЕ НАОДИ ОД АНАЛИЗАТА ЗА ПРИСТАПНОСТ ДО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ