НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Одржана тркалезна маса на здружените членки на Мобилност Македонија

2На 25 март 2013 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско-Струмица се одржа тркалезна маса на која учествуваа претставници од сите 17 здруженија на лица со телесен инвалидитет, здружени во Мобилност Македонија. Со истата како медијатор раководеше претседателот Бранимир Јовановски. Тој изнесе повеќе идеи за збогатување на активноста на Мобилност Македонија и здружените членки. Потоа беше отворена дискусија во однос на изнесените идеи и по завршување на дискусијата беа донесени следните Заклучоци:

1.Општинските здруженија да покажат зголемени активности на локално ниво и да организираат најмалку по една тркалезна маса (самостојно или со инвалидските здруженија од територијата на која делуваат) на секои 3-4 месеци на актуелна тема која ќе ја одберат. Во рамките на своите надлежности и средствата со кои располагаат може да организираат и регионални тркалезни маси меѓу здруженијата на Мобилност Македонија. За активноста која ќе ја спроведат се задолжуваат да составуваат месечен извештај и до крајот на месецот во електронска форма го досавуваат до Мобилност Македонија. Извештајот може, а и пожелно е, да биде со слики од активностите во резолуција најмалку 800 х 600 пиксели.

2.Општинските здруженија да се изготват допис до Мобилност Македонија кој ќе ги содржи следните податоци:
-Дали здружението има сопствен простор за работа или користи простор под закуп;
-Колкава е квадратурата на просторот, цената на закуп и важност на Договорот (со кого е склучен, име и презиме на приватно лице или назив на установа);
-Што поседува здружението од техничка опрема и приклучоци (телефон, факс, компјутер, печатар, скенер, фотокопер, интернет....);
-Дали во здружението стручните работи ги обавува постојано вработено лице или волонтери;
3.Мобилност Македонија да формира тим за целосна анализа на одредбите од Законите во македонската легислатива кои се однесуваат на лицата со телесна инвалидност, како и анализа како одредени права се регулирани во регионот и пошироко. Анализата треба да биде целосна и издржана студија, а не ад хок нафрлени парцијални решенија. Прифатливо е ангажирање на експерти од разни области доколку се утврди потреба од тоа.

4. Во однос на проблемот со пристапност, да се фотографираат пристапите (влез, тоалети, пристап до канцеларии, кабинети и учелници на горни спратови) во основните и средните училишта, потоа подрачните единици на ФЗОМ, ПИОМ, Завод за вработување, Центри за социјални работи, болници, здравствени домови, аптеки, полиција (општа служба, матично, лични карти, државјанства, изводи на родени и умрени...), судови, катастар, банки, кина, театри, домови на култура, трговски центри, продажни центри на ОНЕ, ВИП, Т-Мобиле, како и пристап до здруженијата. Врз основа на добиената состојба, да се изработи елаборат за премостување на архитектонските бариери и да се побара надминување на состојбата преку локалната самоуправа и институциите на Државата;

5.Во однос на паркинг простор, да се фотографираат обележани паркинг простори за лица со инвалидност, да се опише колку се на број, каде се лоцирани, дали ги задоволуваат потребите на членовите, дали има обележани места пред горенаведените институции (непосредно, а доколку не, на која најблиска оддалеченост се од истите);

6.Во однос на можноста за самостојно движење на лицата со телесен инвалидитет да се фотографираат пешачките премини во центарот на градовите и пред горенаведените институциите, да се даде описно на која улица и колку од рабниците се спуштени (пристапни), а на кои локации е потребна итна интервенција за спуштање на рабниците и овозможување на непречен премин преку улица. Многу е важно да се истакнат и позитивните и негативните примери во ова насока. Позитивните во смисол кој ги направил, кога, со чии средства (ако се знае)... Негативните во смисол доколку имало поднесени барања од здруженијата, а локалната самоуправа не постапила по истите;

7.Со оглед на тоа дека 10 години не е зголемен номиналниот износ на средства од игри на среца со кои се финансираат националните инвалидски организации, меѓу кои и Мобилност Македонија, можно е во иднина, доколку не се зголеми износот на масата на средства, да се пристапи кон намалено финансирање на здруженијата. Всушност има потреба од целосно преиспитување на целокупното работење на здруженијата како и поставување на приоритети и активности кои ќе бидат финансирани од здруженијата.