НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

Нацрт ревидирана Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјална исклученост 2010-2020

mtspВо рамките на активностите на Министерството за труд и социјална политика за ревидирање и усогласување на Националната  стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020, со европските политики, мерки и индикатори, во хотелот Гранд Плаза на 21.01.2013 се одржа работен состанок на кој присуствуваа и претставници од Мобилност Македонија.

Целта на состанокот е разгледување и дискусија на Предлогот на ревидираната национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020. На овој работен состанок учествуваа претставници на ресорни институции надлежни за спроведување на стратегијата, академски институции, здруженија на граѓани и други релевантни актери од значење за исполнување на целите на оваа стратегија.

Како дел од процесот на ревидирање на Стратегијата, а со цел дефинирање на идниот пристап и мерки, како и мониторинг рамка на Стратегијата, се спроведе широк консултативен процес на локално и национално ниво со најрелевантните страни во процесот на намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост.

За таа намена, претходеа пет регионални работилници со локалните институции и организации, со цел да се согледаат проблемите и потребите на специфичните ранливи категории на граѓани, но исто така да се дискутира и изнајде модел кој ќе го потикне спроведувањето на Стартегијата на локално и национално ниво. Паралелно со процесот на консултации на локално ниво, се спроведоа и низа состаноци и работни средби со претставници на ресорните министерства и институции, со цел да се согледаат потребите и трендовите за поцелисходно утврдување на мерките и активностите за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија. На тој начин, откако се анализираа прибраните податоци и информации, беше изработен првиот нацрт на ревидиранта национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020.

На работниот сотанок, со цел постигнување на транспарентност и обезбедување на сеопфатност на планираните мерки, се дискутираше во однос на нацртот на ревидираната стратегија.