НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

002На 27.09.2022 година, во конференциската сала во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, во присуство на повеќе од 70 членови на Мобилност Македонија од здружените членки на сојузот, се одржа презентација на тема: “Exopulse Mollii прв невромодулациски костум“.
Презентацијата беше организирана во рамките на соработката помеѓу Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје и Мобилност Македонија.
Презентацијата ја одржа Др. Ивана Рајнпрехт Фолнеговиќ од Загреб, Република Хрватска, истакнувајќи дека оваа презентацијата се однесува за еден иновативен и исклучително надежен терапевтски костум чија наменa е пред се за лица кои се дијагностицирани со невролошки заболувања како што се; мултиплекс склероза, паркинсонова болест, церебрална парализа и за останати лица кои имаат спастични состојби, односно потешкотии во движењата. Оделото делува стимулативно на нервниот и мускулниот систем на телото, а со тек на времето дава позитивни резултати во намалување на болките кои се појавуваат како последица на дијагнозите и состојбите кај индивидуата.
Mollii Suit (поранешен Elektrodress) е функционална облека која се состои од пар панталони, јакна и контролна единица која испраќа електрични сигнали до корисникот преку електроди од внатрешната страна на облеката. Mollii е помошен уред што луѓето со мускулна вкочанетост (спастичност) или други форми на моторна попреченост можат да го користат во нивната домашна средина. Може да помогне да се намалат несаканите рефлекси и вкочанетост, со што се овозможува подобрено држење на телото, зголемен опсег на движења и функционална способност. Исто така, може да намали одредени видови болка и да ги подобри моделите на спиење.
Со Exopulse Mollii Suit може да се користат стандардните програми базирани на дијагностиката на пациентот, или да се прилагоди на индивидуалните потреби на пациентот. Се препорачува да се користи 1 час секој ден, освен ако не е поинаку наведено од давателот на здравствена заштита, и по можност да се користи заедно со физиотерапија, тренинг или физичка активност.
Exopulse Mollii Suit покажува исклучително добри резултати во:
-Подобрување на ефикасноста на мобилноста со намалување на напорот;
-Подобрување на функцијата на горните екстремитети со намалување на потребниот напор;
-Подобрувања на постуралната контрола;
-Подобрувања на рамнотежата;
-Намалување на замор на мускулите;
-Намалување на болката.
Нашите членови имаа можност премиерно од страна на презентерскиот тим, да добијат исцрпни информации за костумот Molli, неговата намена и функционалност.