НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

001На 15.11.2021 година, со почеток во 11 часот, 8. Центар за знаења за социјален развој од областа на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост, организираше меѓународна онлајн панел-дискусија на тема: „Адекватно домување за лицата со попреченост во Република Хрватска и регионот - примери на добри и лоши практики“ како дел од кампањата која беше иницирана со цел да се донесе соодветна законска рамка за социјални станови во Република Хрватска.
На панел дискусијата учествуваа следните претставници:
• Марица Мириќ, претставник на 8-ми центар на знаење и потпретседател на Заедницата на сојузи на лица со попреченост на Хрватска
• Марија Боровец, раководител на Служба за заштита на лица со попреченост, старателство, Министерство за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика
• Ивана Пинтар, директор на Дирекцијата за управување со недвижности и располагање со Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот
• проф. д-р ск. Гојко Бежован, редовен професор по социјална политика на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб
• Иво Јаковљевиќ, претставник на Националниот совет на организации на инвалиди на Словенија (НСИОС)
• Зоран Добраш, претставник на Република Српска
• Иванка Јовановиќ, извршен директор на Националната организација на лица со попреченост на Србија
• Горан Спасов, претставник на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија
Целта на панел дискусијата беше да се покаже како е решено прашањето за социјалните станови во околните земји од регионот. И покрај тоа што законот важи и за другите ранливи групи, целта на панел дискусијата беше да се добијат информации за тоа како се регулираат прашањата на лицата со попреченост во Законот за социјално домување. Затоа, на панел-дискусијата присутните претставници на движењето на лицата со попреченост ги споделија искуства за добри и лоши практики во примената на регулативите за социјално домување во нивните земји. Горан Спасов кој ги презентираше состојбите во нашата држава.
Еден од панелистите беше и проф. д-р ск. Гојко Бежован, редовен професор по социјална политика на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб. Професорот Бежован е еден од водечките хрватски експерти за социјална политика, кој долги години се фокусира на социјалните станови.