НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

4Претседателот на Мобилност Македонија, по покана од ТВ Сител, на 02.11.2020 година со почеток во О9:30 часот, учествуваше во утринската програма на ТВ Сител, „Ја сакам Македонија“.
На прашањата од водителот Мартин Арсов, Бранимир Јовановски ја запозна широката јавност со проблемите со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет во урбаните средини, кои се најголемите предизвици и проблеми со кои се соочуваат, дали и колку се пристапни стамбените и деловните објекти во нашата држава и дали постои законска регулатива која го третира ова прашање, каква е состојбата со обележани паркинг места за возила кои ги управуваат лицата со инвалидност и со какви проблеми се соочуваат овие лица при паркирање, може ли лице со инвалидска количка самостојно да се движи по улиците во Скопје, каква е состојбата со набавка на нови ортопедски помагала, пред се инвалидски колички и протези, се надмина ли овој проблем?
Во петнаесетминутното обраќање, претседателот накусо, онолку колку му дозвокуваше отстапениот временски термин во емисијата, ја презентираше актуелната состојба и активностите кои како сојуз на ова поле ги презедовме во минатиот период, кои тековно ги преземаме и ќе ги преземаме во иднина, а се со цел подобрување на положбата на лицата со телесен инвалидитет во нашата држава и овозможување на независно и самостојно движење и пристап. Тема широка и само загатната, а конкретен одговор и реализација ќе следи по контактите со институциите надлежни за овие прашања.