НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

LogoОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ

  1. Одржување на 2 метри растојание;
  2. Носење на заштитна маска;
  3. Дезинфекција на рацете.
  • Поставување на средства за дезинфекција кои содржат концентрација на алкохол од најмалку 70%, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење на влез и пред секое коло од натпреварот;
  • Употребата на заштитни маски е задолжителна за целото времетраење на настанот;
  • Секое здружение има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски за своите натпреварувачи кои редовно ќе ги менуваат и употребуваат пред и по натпреварот;
  • Секое здружение има обвска само да го организира транспортот на своите учесници до местото на одржување на квиз натпреварот, запазуваќи ги протоколите, препораките и мерките за транспорт на лица;
  • Зачестено чистење и дезинфекција на сите пултови кои се користат, материјалите и опремата, пред почетокот на натпреварот и по одржување на секое коло;
  • Одржување на препорачано физичко и социјално растојание (забрането е ракување, гушкање, или кој било друг физички контакт);
  • Тоалетите и останатите помошни простории зачестено да се дезинфицираат од сопственикот на објектот во кој ќе се изведува натпреварот.

ПРИЈАВА ЗА НАТПРЕВАР

  • Секое здружение, членка на Мобилност Македонија има обврска своите пријави да ги испрати по електронски пат согласно донесената одлука од организаторот;
  • Мобилност Македонија на официалната емаил адреса на здруженијата ќе испрати стартна листа, време на одржување на натпреварот и техничките правила за спроведување на националното првенство;
  • Секое здружение кое со своите натпреварувачи ќе биде вклучено во натпреварот, и секој натпреварувач кој ќе настапи на натпреварот, се должни е да потполнат Изјава за согласност.

 

ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАР

  • При изготвување на сатницата, организаторот ќе определи доволни временските интервали помеѓу секоја натпреварувачка група, за да се избегнат дополнителни контакти.
  • Бројот на учесниците е ограничен и тоа:

- максимално 17 екипи ,

- максимално 2 натпреварувачи во екипа.

 

 СПРОВЕДУВАЊЕ НА КВИЗ НАТПРЕВАРОТ

  • При влез во објектот проверката ќе се извршува со повикување на натпреварувачите во точно определен период еден по еден и на растојание од 2 метра, и во одреден период предвиден во самата сатница се појавуваат за влез во објектот, носејќи ја својата заштитна маска, каде ќе имаат обврска да ги дезинфицираат нозете во диспанзер и рацете со средства кои содржи најмалку 70% концентрација на алхокол. На лицата со инвалидска количка ќе им се дезинфицираат со средства за дезинфекција тркалата на инвалидските колички.

Напомена: Внесување на лични ствари во објектот (чанти, ранци, храна, пијалоци и сл.) од здравствени причини нема да биде дозволено, истите остануваат надвор од објектот.

  • Натпреварувачите еден по еден на растојание од најмалку 2 метра, по дезинфекцијата се упатуваат кон видно обележениот простор каде има лице заштитено со визер кое ќе им измери телесна температура и доколку температурата се движи помеѓу 36 и 37 степени ќе им се дозволи влез во објектот.

Напомена: За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37 °С со која може слободно да влезе во објектот. Лице кое при пристигање во објектот има телесна температура од 37.1 оС до 37.2оС се изолира настрана на посебно обележано место и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до објектот). Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе во објектот, во спротивно на истото не му се дозволува влез во објектот. Лице кое при пристигање во објектот има телесна температура 37.3оС и повеќе не му се дозволува влез во објектот. Се известуваат здруженијата за лицата на кои не им е дозволено да влезат во објектот, за да ги известат епидемиолошките служби и истите да се изолираат од групно патување.

  • По поминување на пријавниот центар натпреварувачите еден по еден на растојание од 2 метра се движат кон своите обележани места за седење;
  • На посебно определено место во објектот поставени се 4 натпреварувачки пулта со оддалеченост од најмалку 1,5 метри;
  • По повик од жирито, секоја екипа ги зазема своите позиции на пултовите, така да натпреварувачите седат на краевите од пултот (или преку едно седиште);
  • Натпреварувачите заштитаната маска ја носат за целото време од траењето на натпреварот, а искористените маски при замена со друга, ги фрлаат во најлонска кеса која е поставена во специјална корпа за отпадоци со капак;
  • Маската задолжително се менува на секои 3 сати;
  • По завршување на натпреварот, учесниците ги дезинфицираат рацете и го напуштат пултот и објектот, запазувајќи го задолжителното физичко растојание помеѓу нив од 2 метра;
  • Сите учесници што ќе биде во објектот мораат да одржуваат физичка дистанца од 2 метра помеѓу сите присутни;
  • Пултовите, микрофоните, тастерите и сите други реквизити ќе се дезинфицираат по секоја употреба со средство за дезинфекција, вклучуваќи ја и нивната околина пред следна употреба.

 

РЕЗУЛТАТИ И ПРОГЛАСУВАЊЕ

  • Класично спроведување на прогласување на победници нема да има, дипломи од натпреварите ќе се испраќаат по електронски пат, а дезинфицираните медали во заштитна пластична опаковка учесниците ќе ги подигнат од овластеното лице.
  • Резултатите од квиз натпреварот ќе се објават по електронски пат по завршување на натпреварот на нашите социални медиуми.

ОСТАНАТИ ПРЕПОРАКИ

  • Секој натпреварувач и учесник на натпреварот се задолжува да ги почитува правилата и протоколот за натпреварот, како и сите важечки прописи донесени од надлежните институции од РС Македонија;
  • Доколку натпреварувач или службено лице за времетраење на натпреварот не се прдржува кон правилата и протоколот ќе биде дисквалификуван и мора да го напушти местото на одржување на натпреварот од страна на нашите редарски служби;
  • Публика и групирање пред и по натпреварот нема да биде дозволено;
  • Носењето на заштитната маска е задолжително во објектот;
  • Дезинфекциони средства ќе има поставено на влезовите и на секој пулт.

 

СУДИИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦА

  • Да се запази растојанието од 1,5 метри меѓу членовите на жири комисијата, водителот и службеното лице за компјутерска обработка на квизот;
  • За време траење на натпреварот на просторот за одржување на натпреварот имаат право да присуствуваат натпреварувачите, службените лица и технички лица;
  • Судиите и службените лица мораат да носат заштитна опрема маски (и евентуално визири) за целокупното траење на нивниот ангажман во кој се вклучуваат свесно и на своја одговорност.

 

ПОСЕБНА НАПОМЕНА

  • На натпреварувачите, сите службени лица и судиите, им се забранива внесување на храна и напитоци за целокупното времетраење на натпреварот .
  • Со овој протокол ќе бидат запознаени сите здруженија, членки на Мобилност Македонија, службените лица и останатиот персонал поврзан со организацијата и спроведување на натпреварот;
  • Доколку се променат рестриктивните мерки, протоколот може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите здруженија, членки на Мобилност Македонија, при изготвување план за отпочнување на процесот за натпревари;
  • За сите останати мерки кои не се опфатени со овој протокол, важат други протоколи и мерки за заштита и превенција, и препораките од останатите релевантни иснституции.

 

Лице за контакт:

Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија.

Мобилен телефон: 075437381, емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Национален сојуз на лица со телесен

инвалидитет на Македонија

-Мобилност Македонија-

Претседател,

Бранимир Јовановски