НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

 

Седница на управен Одбор на МОбилност МакедонијаУправниот одбор на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија на 14.10.2011 година, во просториите во ДХО „Даре Џамбаз” во Скопје, ја одржа својата четврта редовна седница.

 

На седницата присуствуваа следните членови на УО: Бранимир Јовановски, Дејан Ѓорѓиевски, Ефтимчо Атанасовски, Васил Томов, Буран Бала, Венко Голабоски, Д-р. Нико Јанков, Велибор Јаќимовски и Штејро Николов, потоа претставници на здруженија кои немаат член во УО: Касели Рамиз, Дејан Атанасовски, Ангел Јаневски и Бобан Јорданоски.

Седница на  Управниот Одбор на Мобилност МакедонијаПрисутните членови едногласно ја прифатија информацијата на претседателот за преземените активности помеѓу двете седници на УО, а кои се однесуваа на:

-        Извештај за спроведениот 17-ти Републички квиз натпревар во Струмица, на кој првите три места ги освоија екипите на: Мобилност Скопје I, Мобилност Скопје II и на Мобилност Охрид;

-        Извештај за спроведените 17-ти Музички средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, подржани од Министерството за култура, на кои првто место им припадна на дуетот Митко Фидановски и Томче Најдовски од Битола, второто на Влатко Најдоски од Прилеп и третото на Илија Стојаноски од Прилеп;

-        Извештај за официјалната посета на Сојузот на параплегичари на Словенија во период од 20-24.09.2011 година во чиј состав поред претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, учествуваа претседателот на Мобилност Скопје, Дејан Ѓорѓиевски, претседателот на огранокот за параплегија при Мобилност Скопје, Ристо Фотевски, како и членовите на огранокот за параплегија при Мобилност Скопје, Трајче Стојановски и Игор Божиновски;

-        Извештај од учеството на генералниот секретар на Мобилност Македонија, Софка Прчева, на тркалезна маса организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика, со која непосредно раководел министерот за труд и социјална политика, г-дин Спиро Ристовски, а на која за одредени прашања дебатирале претставници на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, Националниот Сојуз на слепи на Македонија, Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, Организација на работодавачи на Македонија и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонја;

Во натамошниот тек на седницата од присутните претставници на УО едногласно беа донесени следните одлуки:

-          за изработка на посебен софтвер за евиденција на членовите преку кој мошне бргу и едноставно ќе може да се филтрираат барани информации за структурата на членството;

-          за учество на нашите членови Томислав Попов и Трајко Славевски од Скопје на Светско првенство во електронски спортови во Кореја, како и за покривање на нивните трошоци за визирање на патните исправи и за зајакната исхрана (останатите трошоци во врска со патувањето и сместувањето ги добивме како донација од организаторот);

-          се одобри барањето на Мобилност Тетово за организација на национален турнир во табла за лица со телесен инвалидитет на кој ќе учествуваат екипи од сите здруженија, членки на Мобилност Македонија. За оваа цел ќе им се префрли сума по одлука за организација на тематски работилници;

-          да се исплатат сите законски надоместоци за заминувањето во пензија на нашиот работник Персида Пренџова од Велес, согласно Законот за работни односи и Одлуката за исплата на надоместоци при заминување во пензија донесена од Владата на РМ;

-          да се додели едно канцелариско биро и две столици, сопственост на Мобилност Македонија (кои не ги користи а се во одлична состаојба) во трајно владеење на Мобилност Прилеп. Истите се наоѓаат во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, а Мобилност Прилеп треба да си го обезбеди превозот;

-          да се набават 200 литри нафта за потребите од заггревање на просториите на Мобилност Велес за грејната сезона 2011/2012 година. Исто така да се исплатува надомест за волонтери во Мобилност Велес во висина по одлука на Мобилност Македонија сметајќи од 01.09.2011 година бидејќи од таа дата редовно вработеното лице заминало во пензија;

-          одбележувањето на „4-ти Декември„ денот на лицата со телесен инвалидитет на Македонија да го организира Мобилност Охрид со планирање на соодветна програма во која меѓу другото ќе биде вклучен говорот на претседателот на Мобилност Македонија по повод одбележувањето на 25 години од формирањето и успешното работење на Мобилност Македонија, како и термин потребен за одржување на литературните средби на лицата со телесен инвалидитет на Македонија;

-          начинот на финансирање на организациите да не се менува до моментот кога ќе се створат поволни услови во однос на зголемување на масата на средства што ја определува Министерството за труд и социјална политика;

-          на следна седница да се стави посебна точка на дневниот ред на која ќе се разгледа можноста и потребите за зачленувањето на Мобилност Македонија во меѓународни организации;

-          беа усвоени Предлог - Програмата за работа на Мобилност Македонија за 2012 година и Предлог – Финансискиот план на потребни средства за спроведување на Програмата за 2012 година. Истите веднаш ќе се достават до службата на НСИОМ заради подготвување на збирна програма од националните инвалидски организации која ќе биде доставена до Министерство за труд и социјална политика на разгледување, оценување и префрлање на потребни средства за нејзина реализација;

-          беше одбиено барањето на Мобилност Тетово за доделување на компјутер, а се донесе одлука Мобилност Македонија да се обрати до можни донатори пред кои ќе ја искаже вкупната потреба од компјутери за непречено функционирање на Мобилност Македонија и на здружените членки, и по евентуално добиената донација компјутерите ќе се поделат на здруженијата;

-          да се испрати допис до надлежниот ресор при Министерството за труд и социјална политика за извршената промена на називот на Мобилност Македонија и на здружените членки, со барање да ни се издадат нови Решенија за инвалидски организации на здружените членки и ново Решение за Национална инвалидска организација на Мобилност Македонија во кои ќе бидат впишани новите називи согласно Решенијата за пререгистрација од Централниот регистар;

-          здруженијата до канцеларијата на Мобилност Македонија, во електронска верзија, да достават пречистен текст на возила на свои членови кои согласно Законот за јавен сообрачај се ослобидени од плаќање на патарина најдоцна до 01.12.2011 година заради изработка на единствен список кој до 10.12.2011 година треба се достави до Агенцијата за државни патишта на РМ, заради изработка на вињетки за 2012 година;

-        Мобилност Македонија ќе учествува со 50% од потребниот износ за регистрација и тековно одржување на комби возилото FIAT DUKATO (зелен картон, промена на масло, уље, гуми...), додека евентуалните дефекти и оштетувања на возилото се на терет на Мобилност Скопје, здружението кое стопанисува со возилото.