НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

4Почитувани членови кои аплициравте и добивте карти за Супер Купот во фудбал 2017 година,

Благодарејќи на долгогодишната успешна соработка на Мобилност Македонија со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје, Ве известуваме дека „СЛАВЕЈ“ донесе одлука да донира средства и да ги плати Вашите карти за овој спектакуларен настан кој ќе се одржи на 8-ми август на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје и Мобилност Македонија Ви посакуваат уваба забава.

Картите (најверојатно) од понеделник - 31.07.2017 година ќе може да ги подигнете во канцеларијата на Мобилност Македонија, но за тоа ќе добиете информација дополнително.

Им благодариме на нашите пријатели од Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ од Скопје.