НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

mtspJАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ПО ОДНОС НА ПРОГРАМАТА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ПЛАТЕНИ КАКО ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ И АКЦИЗА ЗА НАБАВКА НА ПАТНИЧКИ АВТОМОБИЛ ЗА ЛИЦА СО НАЈМАЛКУ 80% ИНВАЛИДНОСТ НА ДОЛНИТЕ ЕКСТРЕМИТЕТИ, ЛИЦА СО УМЕРЕНА, ТЕШКА И ДЛАБОКА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЗА ПОТПОЛНО СЛЕПИ ЛИЦА СО ПРИДРУЖНИК И ЗА ПОТПОЛНО ГЛУВИ ЛИЦА ЗА 2016 ГОДИНА

Министерството за труд и социјална политика согласно Програмата за изменување на програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со најмалку 80% инвалидност на долните екстремитети, лица со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2016 година (Службен весник на Република Македонија бр.6/16 и Службен весник на Република Македонија бр.120/16) објави јавен повик за поднесување на барање за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Барањето може да се поднесе од страна на лицето со инвалидност, негов родител или старател најдоцна до 30 септември 2016 година.

Барањето со потребната документација се поднесува преку надлежниот центар за социјална работа до Комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил формирана во рамки на Министерството за труд и социјална политика.

Кон барањето се поднесува следната документација:

-Наод, оцена и мислење од надлежна комисија за утврдено телесно оштетување од најмалку 80% на долните екстремитети, за утврдена умерена, тешка и длабока ментална попреченост, за потполно слепило и потполна глувост (или копија од документот заверена на нотар),

-Примерок или заверена копија од царинска декларација не постари од 12 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил, издадени од царински орган.

-Доказ за платен данок на додадена вредност при набавка на патничкиот автомобил,

-Наод и мислење за друг член на семејството со инвалидност (или копија од документот заверена на нотар),

-Потврда за остварени приходи од Управата за јавни приходи за претходната година,

-Потврда за редовен студент (доколку лицето е студент),

-Потврда за заснован работен однос (доколку лицето е во работен однос),

-Потврда за регистриран активен барател на работа (доколку лицето е невработено лице).

Б.Јовановски