НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

LogoНа 28.06.2016 година во Скопје се одржа седмата седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија на која по утврдување на дневниот ред беше разгледан и усвоен Записникот од претходната седница на УО одржана на 16.03.2016 година. Претседателот на сојузот поднесе извештај за реализираните активности помеѓу двете седници на УО, за кои имавте можност поопширно да прочитате во нашето гласило, како што се: одржаната VII-ма Меѓународна ликовна колонија во месец април во Охрид, одржани XXVIII-ми републички спортски игри во Струга и Охрид, одржаната петта Масовна средба во природа во СРЦ „Треска“ во Скопје, за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобили согласно Програмата за рефундирање на средствата платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патничк автомобил за лица со најмалку 80% инвалидност на долни екстремитети, активности за реализација на проектот за професионална рехабилитација и лична асистенција и воспоставување на стандарди за професионална рехабилитација и унапредување на услугите за социјална вклученост, за работната средба со претставници на УНДП во врска со вклучување на Мобилност Македонија во студијата за визија  што се е потребно да се направи за да се подобри животот на лицата со инвалидност,  за одржан работен состанок со ФФМ за продолжување на соработката и организирање фудбалски натпревар во Струга за време на одржување на Републичките спортски игри, потоа за учество на хуманитарен настан со познатиот говорник, мотиватор и хуманист Ник Вујичиќ во арената „Борис Трајковски“, учество на наши членови на Меѓународен турнир во пинг-понг во Варна – Бугарија,  за текот на подготовките за учество на наши членови-спортисти на Параолимписките игри во Рио.

Едногласно беше прифатен предлогот на претседателот наМобилност Македонија да биде организирана меѓународна конференција на тема „Мултипла склероза“, на која ќе бидат поканети претставници на државите од регионот и стручни лица – лекари. Конференцијата се планира да се одржи во Охрид во првата недела од месец октомври и за таа цел беше предложен и едногласно избран Одбор за организација на меѓународната конференција во состав: Бранимир Јовановски, Софка Прчева, Дејан Ѓорѓиевски, Горан Здравков, Нико Јанков и Ана Карајанова. Членот на Надзорниот одбор, Елица Трпковска, поднесе извештај за одржаната финансиска и административна контрола во: Мобилност Радовиш, Мобилност Струмица и Мобилност Гевгелија. Ја нагласи потребата од спроведување на увид и контрола врз наменското материјално-финансиско и административно работење, и потсети дека сојузот има обврска да спроведува ваков вид контрола по препорака на Министерството за труд и социјална политика. Беа разгледани барања од здруженијата, членки на сојузот, за организација на тематска работилница која им беше доделена на Мобилност Кавадарци и на Мобилност Битола. Барањето на „Балкан Медија“ ќе се разгледува доколку до сојузот понудат конкретен предлог за соработка, додека барањето на Петре Јованов од Мобилност Радовиш за „формулирање на модел за  парично наградување  на културно-уметнички и спортски изведби’ е одбиено со 9 гласа „против“ и еден (Васил Томов) „за“ барањето. Со ова дневниот ред беше исцрпен и седницата на Управниот одбор заврши со работа.

Б.Јовановски