Мобилност Македонија одржа редовна седница на Собранието на 25.02.2017 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“.
Беа усвоени Извештајот за работа на Мобилност Македонија за 2016 година, финансискиот извештај за 2016 година, Програмата за работа за 2017 година и Финансискиот план за 2017 година.
Ве известуваме дека денес, 02.03.2017 година, Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпиша договорите за индивидуалните ортопедски помагала со ортопедските куќи (сите од Скопје), кои аплицираа на објавеиот оглас во декември и тоа: „Центар за ортотика и протетика - Славеј“, „Ортопедија Илинден“ и „Ортопро Етер“.
Сите наши членови кои имаат потреба од ортози, протези, корсети...сега можат да појдат до наведените ортопедски куќи со заверен налог да си го остварат своето право без дополнителни трошоци (само со плаќање на партиципација како и до сега).
Повеќе: СООПШТЕНИЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ ВО ВРСКА СО ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
Општина Карпош е прва локална самоуправа од територијата на Градот Скопје, на која се реализира проектот ,,МАПАТОН“. Станува збор за вклучување на лица со инвалидност во имплементација на андроид апликација преку приватните мобилни уреди кои тие ги користат и која ќе им овозможи интерактивност во мапирањето на пристапните места.
По повод 8-ми Март - Меѓународниот ден на жената, Здружението Мобилност Скопје, во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, Дом за стари лица „Мајка Тереза“ од Злокуќани, Посебното основно училиште „Иднина“ и организацијата „ЗУР Артикрафт, во просториите на Даре Џамбаз организираше изложба и базар на ракотворби. Одбележувањето и поставената изложба беа посетени од голем број на наши членови и медиумски покриено од повеќе електронски медиуми.