НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

novagodinast2

Здружението на лица со телесен инвалидитет на Штип - Мобилност Штип на ден 18.12.2011 година организираше новогодишна прослава за своите членови на која поред нашите членови, присуствуваа и претседателот и генералниот секретар на Мобилност Македонија   и претставници од Мобилност Скопје.

Ресторанот ,,ВАГО,, беше прекрасно уреден и украсен со безброј лампиони, светилки и други новогодишни украси, а естрадната пејачка Јулија во придружба на една од најдобрите музички групи од Штип „КОКТЕЛ-БЕНД“ се погрижи за добро расположение и веселба кај присутните.

 

Прославата беше збогатена и со лотарија од убави подароци донирани од многу наши сограѓани - бизнисмени инаку големи подржувачи на сите наши активности со што потпомогнаа во реализацијата на оваа наша манифестација.

Традиционално и оваа година, за најмладите беа доделени новогодишни пакетчиња.

На сите телесни инвалиди им посакуваме тагата и болката да им бидат минато, здравјето, среќата, радоста, нека им бидат нивни сопатници во понатамошниот живот, со успех, како на личен, така на деловен план. СРЕЌНА НОВА 2012 година.