Почитувани членови, подолу можете да го најдете линкот за да ги следите обраќањата на Премиерот Зоран Заев, претседателот на НСИОМ, Томица Стојановски (во името на сите членки на советот, меѓу кои и Мобилност Македонија), министрите за труд и социјална политика, образование и наука и здравство, како и претставници на канцелариите на ЕУ и ООН во Македонија.
Почеток 09:00
Втора сесија почеток 10:30
Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.
Претседателот на Мобилност Македонија, по покана од ТВ Сител, на 02.11.2020 година со почеток во О9:30 часот, учествуваше во утринската програма на ТВ Сител, „Ја сакам Македонија“.
Мобилност Македонија на 28-29.10.2020 година учествува на 14-та Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидност, која годинава заради пандемијата од КОВИД-19 се одржува комбинирано и со физичко присуство (од домашните улесници) и преку Зум конференција (со учесници - предавачи од други држави).
На 25.10.2020 година во Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“, се одржа натпревар во стрелаштво во рамките на Републичките спортски игри на лица со телесен инвалидитет за 2020 година, a во организација на Мобилност Македонија во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика во рамките на Програмата на сојузот за 2020 година.