На 25-26.10.2014 година во хотелот „Цар Самуил“ во Банско - Струмица, се одржа јубилејното дваесетто издание на Републичкиот квиз натпревар на лицата со телесен инвалидитет на Македонија во организација на Мобилност Македонија. На натпреварот учествуваа 17 екипи од максимално можните 18 екипи (екипата на Мобилност Струга не се пријави за учество) и согласно пропозициите најнапред се одржа едно елиминаторно коло со цел да се пополнат четирите четвртфинални групи.
Жребката одлучи во елиминаторното коло да се состанат екипите на Куманово, Кавадарци, Дебар и Скопје II. По одржаните 4 игри, екипата на Мобилност Дебар освои најмалку поени, само 21 и за нив натпреварувањето заврши.
Првата четвртфинална група ја сочинуваа екипите на Мобилност: Струмица, Радовиш, Тетово и Свети Николе. По завршените четири игри, во полуфиналето се пласираа екипите на Струмица со 98 поени и на Радовиш со 52 поени, додека натпреварот го завршија екипите на Свети Николе со 40 поени и на Тетово со 16 поени.
Најизедначена борба се одржа во втората четвртфинална група која ја сочинуваа екипите на Мобилност: Охрид, Кичево, Битола и Куманово. По завршените четири игри, во полуфиналето се пласираа екипите на Битола со 51 поен и на Кичево со 46 поени, додека натпреварот го завршија екипите на Куманово со 45 поени и на Охрид со 39 поени.
Третата четвртфинална група ја сочинуваа екипите на Мобилност: Гевгелија, Кочани, Штип и Скопје II. По завршените четири игри, во полуфиналето се пласираа екипите на Штип со 84 поени и на Гевгелија со 61 поени, додека натпреварот го завршија екипите на Скопје IIсо 55 поени и на Кочани со 23 поени.
Четвртата четвртфинална група ја сочинуваа екипите на Мобилност: Велес, Скопје I, Прилеп и Кавадарци. По завршените четири игри, во полуфиналето се пласираа екипите на Скопје I со 68 поени и на Прилеп со 65 поени, додека натпреварот го завршија екипите на Велес со 47 поени и на Кавадарци со 37 поени.
Утредента се продолжи со полуфиналните борби. Првата полуфинална група ја сочинуваа екипите на Мобилност: Струмица, Кичево, Штип и Прилеп. По завршените четири игри, во финалето се пласираа екипите на Струмица со 81 поен и Штип со 62 поени, додека натпреварот заврши за екипите на Кичево со 33 поени и Прилеп со 31 поен.
Втората полуфинална група ја сочинуваа екипите на Мобилност: Радовиш, Битола, Гевгелија и Скопје I. По завршените четири игри во кои доминираше екипата на Мобилност Битола, во финалето се пласираа екипите на Битола со 101 поен и Скопје I со 43 поени, додека натпреварот заврши за екипите на Радовиш со 29 поени и Гевгелија со 16 поени.
Финалето го сочинуваа екипите на Мобилност: Струмица, Битола, Скопје I и Штип. Финалниот квиз имаше за една третина поголем број на прашања во четирите игри (Играта на која се одговара со ДА или НЕ, играта на која се одговара со избор на одговор под 1,2,3 или 4, играта Музички прашања и играта финални прашања), како и нова петта игра, Чекор по чекор, во која требаше да се погоди бараниот поим во максимални 6 реченици. Во исклучително занимлива борба во која екипите се менуваа во водство, на крај првото место и припадна на екипата на Мобилност Скопје I со освоени 74 поени, второто на екипата на Мобилност Струмица со 60 поени, третото на екипата на Мобилност Штип со 55 поени и четвртото на екипата на Мобилност Битола со освоени 43 поени.
На првопласираните 3 екипи им беа доделени плакети кои ќе ги красат витрините на нивните здруженија, додека сите натпреварувачи од првопласираните три екипи добија мали плакети за освоени пласмани.
Мобилност Македонија планира следниот Републички квиз натпревар да го подобри со ново софтверско решение со кое натпреварувачите во секој момент ќе имаат увид на бодовното салдо (а не како до сега само по завршување на секоја игра засебно), со можност и прашањата да стојат испишани цело време на дисплеј, се до давање на одговорите од страна на екипите и нивно евидентирање.