На 26.09.2013 година во ДХО „Даре Џамбаз“ беше одржана XI-та седница на Управниот одбор на Мобилност Македонија на која беа поставени и дискутирани повеќе прашања од интерес на сојузот, здружените членки и самите членови - лица со телесен инвалидитет.
На седницата беа донесени повеќе одлуки и заклучоци меѓу кои:
-Беше усвоен записникот од претходната седница на УО одржана на 26.3.2013година;
-Од страна на претседателот на сојузот беше поднесена информација за реализираните активности во изминатиот период и тоа: одржана IV ликовна колонија со учество на 15 уметници од земјата и странство; аплицирање на проекти за премостување на архитектонски бариери во основни и средни училишта, како и во градинските во соработка со АЛКА и за креативни работилници со Естек на кои, за жал иако бевме солидно оценети, не успеавме да ги добиеме; учество со свои претставници на Проект за „инклузивен пазар на трудот за инвалидни лица“; добиена донација на ортопедски помагала од американска невладина организација преку Црвен Крст на градот Скопје; одржана тематска работилница во Дебар; одржани XXV републички спортски игри во Струга и Охрид; одржана масовна средба на членови во природа во СРЦ „Треска“ Скопје со присуство на преку 400 наши членови на која меѓу другите рекреативни содржини од страна на членовите се пристапи кон потпишување на Петиција со која беше искажано незадоволството на членовите за спороста, неефикасноста и инертноста на институциите на државата при решавање по наши барања за подобрување на правата и положбата на лицата со телесен инвалидитет во РМ; остварена работна средба со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов; остварена работна средба со Слободанка Лазова Здравковска, претставник од Министерство за труд и социјална политика назначена од страна на министерот Спасов за конкретни преговори во однос на нашите доставени барања; извештај од учеството на нашата делегација на VIII меѓународен музички фестивал во Поморие, Бугарија; остварениот разговор со министерот Диме Спасов на 02.09.2013 во врска со враќање на правото на додаток за мобилност за лицата сместени во установите, како и остварување на правото на додаток за мобилност за лица кои се движат исклучиво со инвалидска количка, а самите не можат да ја туркаат и управуваат (квадриплегија, потешки облици на мултиплекс склероза, дистрофија и други сродни невро мускуларни заболувања);
-Беше разгледана и усвоена Програмата за работа на Мобилност Македонија за 2014 година, како и Финансовиот план за потребни средства за спроведување на програмските активности на сојузот во 2014 година;
-Беа избрани два претставника од Мобилност Македонија за состав на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност во РМ во мандатен период 2013-2017 година и тоа претседателот Бранимир Јовановски и членот на УО др.Нико Јанков;
-Да се одржи втора тематска работилница годинава во октомври во Битола на тема Мултиплекс склероза;
-Да се одржи турнир во табла во Тетово на 16.11.2013 година;
-Да се подготват каталози, покани и плакати за организирање на IV-та изложба на слики на 02.12.2013 година во „Порта Македонија“ а по повод одбележувањето на меѓународниот ден на лицата со инвалидност „3-ти Декември“;
-Да се покријат трошоците на делегацијата на Мобилност Македонија за учество на VIII-от Меѓународен музички фестивал во Поморие Бугарија, за учество на претставници на Мобилност Македонија на Републички спортски игри на параплегичари на Србија;
-Претседателот Бранимир Јовановски и членот Новча Тодоровски да учествуваат на Меѓународна средба и потпишување на меморандум за соработка во Словенија 27.09-02.10.2013 година;
-Да се поканат гости од Бугарија и Србија на 19-ти музички средби 08-10.11.2013;
-Да се покријат трошоци за варосување на канцеларијата на сојузот и да се тапацираат вратите кон сала 5 и кон ходникот;
-се одобрија барањата: од Мобилност Гевгелија да се учествува во трошоците за поставување на ламинат во просторијата; од Михајло Михајлов за еднократна помош; од Мобилност Прилеп за партиципација во трошоци за имотен спор пред Основниот суд во Прилеп;
-беа потврдени донесените одлуки со електронско гласање и тоа:
-За избор на претставници од Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, Ефтимчо Атанасовски и Драгана Стоилковиќ, за учество на Меѓународната конференција во Истанбул;
-Бранимир Јовановски, Дејан Ѓорѓиевски и Оливера Наковска-Биква беа избрани за претставници на Мобилност Македонија во Собрание на НФСРИМ-МПК;
-За избор на предлог решенија за деблокирање на жиро сметка на Мобилност Охрид;