ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СОЈУЗОТ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА НА МАКЕДОНИЈА
ПРОГРАМАТА ООПФАЌА 15 ГЛАВНИ ОБЛАСТИ НА ДЕЛУВАЊЕ
1.Организациони работи
Регистрација на нови членови со пристапници,членски книшки,обработка и анализа на податоци за социјалниот статус на члењновите и унапредување на условите за работа на Сојузот и здруженијата.
2.Здравствена заштита и помагала
Иницирање измени во прописите заради унапредување на здравствената заштите на членовите,правилна проимена на правилникот ѕа индикација на помагала,соработка со здравствените институции и непосредна помош на членовите во остварување здравствени услуги.
3.Социјална заштита
Иницијативи за зголемување на паричните надоместоци по основ на инвалидност, обезбедување услови за сместување и згрижување на возрасни телесни инвалиди кои немаат услови за живеење во семејство,разрешување на проблемите со начинот и постапката на оценка на инвалидноста.
4.Вработување
Доследна примена на Законот за вработување на инвалиди и заштита на правата на вработените телесни инвалиди.
5.Воспитание и образование
Благовремено и што побројно вклучување на телесните инвалиди во редовните воспитно образовни институции.
6.Бариери
Практично остварување на правото на достапност на јавните објекти, отстранување на сообраќајни и урбанистички бариери,како и помош во решавање на проблемите на бариери во домот.
7.Одмор и опоравок на членовите
Бесплатен одмор на членовите во сопствените објекти на Сојузот во Охрид и обезбедување банско климатски опоравок за одреден број членови.
8.Спорт и рекреација
Организирање на Републички спортски игри на телесните инвалиди во атлетика,пинг понг и стрелаштво,државно првенство во шах како и учество на мегународни споортски манифестации.
9.Културно забавни активности
Организирање квиз натпревари во знаење,музичко литературни смотри, подршка на сопствено културно уметничко друштво ФЕНИКС ,конкурс ѕа расказ на тема животот на инвалидите,подршка на литературните и ликовбни активности на членовите и др.
1о.Информативна дејност
Издавање сопствено информативно гласило ФЕНИКС 86 во 12оо примерока и бесплатна дистрибуција на членовите,издавање разни други печатени изданија заради информирање на членовите и пошироката јавност,сопствена веб страница,користење на печатените и електронски медиуми заради информирање и друго.
11.Прописи
Следење ,проучување и иницирање измени и дополнувања од интерес за членовите.
12.Советување
Во 2оо4 година се планира организирање едно советување на тема здравствена заштита на телесните инвалиди со учество на еминентни стручњаци.
13.Мегуопштински средби
Во 2оо4 се планира одржување на три тематски средби во оерганизација на одделни здруженија и една општа средба со културно забавни и спортски активности во знак на одбележување на денот на телесните инвалиди 25 јуни.
14.Соработка со други организации
Продолжување и унапредување на соработката со соодветни домашни и мегународни организации и асоцијации.
15.Финансирање
Обезбедување редовни средства за работа на Сојузот и здруженијата.