MK EN
  Помагала
 
Контакт

адреса:
Ул.11 Октомври 42а
1000 Скопје
Р.Македонија

тел./факс:
02/32 11 280

e-mail:
stilm@stilm.com.mk

Ортопедски завод Славеј А.Д. www.slavej.com.mk

Адреса: ул. Васил Ѓоргов бр. 45, 1000 Скопје, Р. Македонија,
Телефони: Централа: ++ 389 (0)2 3217-633, Комерцијала: ++ 389 (0)2 3216-503,
 e-mail: slavej@slavej.com.mk

Компанија која е формирана во 1950 година со цел опремување со помагала на инвалидизираните лица од втората светска војна. Во изминатиов период компанијата бележи континуиран развој со потенцирање на протетичкиот оддел.


Компанијата поседува сопствен деловен простор. Седиштето и просториите се во непосредна близина (500 м.) од Заводот за физикална медицина и рехабилитација и околу 1,5 км. од Клиничкиот центар.
Компанијата располага со околу 2000м2 деловен простор во кој се разместени:

- апликационен центар (250м2) за работа со пациенти;
- работилница за изработка на протези и ортози од пластични и термопластични материјали;
- работилница за изработка на дрвени протези и механички ортози;
- работилница за изработка на ортопедски чевли и бандажирање на помагала;
- работилница за изработка на инвалидски колички,штаки и одалки и други помошни средства;
- општа служба;
- магацински простор;
- објектот располага со дворно место од околу 1500м2 со приод и паркинг за околу 60     
   автомобили.     

повеќе



Medicus Help

Контакт: Скопје - 02 / 3 130 015, Битола - 047 / 236 530, Тетово - 070 / 649 692, Струмица 034 / 321 776
e-mail: medicushelp@mt.net.mk

Фирмата Medicus Helpуспешно работи веќе 12 години и е увозник на повеке програми. Дел од тие програми се однесуваат на медицински и ортопедски помагала и се обединети во програмот МЕДИКУС ХЕЛП.  
- Сите видови на инвалидски колички (собна, универзална, детска, тоалетна....)
- Помагала за одење, патерици, дубаци, бастуни и сите видови одалки.
- Антидекубитални душеци и перничиња.
- Ортопедски перници за спиење.
- Помагала за тренинг и масажа.

- Имобилизатори и држачи на врат, рамо, лакт, рака, колено и скочен и рачен зглоб.
- Ортопедски чевли, влечки, кломпи и влошки.
- Појаси за стомак и крст.
- Суспензори за кила и суспензориуми
- Чорапи за вени.
- Фитнес опрема.
Во својата долгогодишна работа МЕДИКУС ХЕЛП посебно се труди да со своите прозводи го даде својот придонес во олеснувањето на секојдневието на инвалидизираните лица. Следејки ги нивните потреби и можности МЕДИКУС ХЕЛП  во своите продавници секогаш има квалитетни помагала од реномирани производители кои поседуваат цертификати со светски стандарди. Слкучениот договор со Фондот за Здраствено Осигурување овозможува полесен и поефтин пристап на овие помагала до корисниците.

повеќе

Медикус Матеа
Ве очекуваме во нашиот продажно-изложбен салон на ул. Васил Ѓорѓов бр.34 наспроти црквата Свети Јован во Капиштец, во близина на Заводот за вработување




НАШИ ПАРТНЕРИ

www.rohoinc.com, www.arkray.co.jp, www.medela.com, www.sca.com,www.bauerfeind.coм,www.medical-service.de

Медикус Матеа Д.О.О. Скопје е мешовита  хрватско-германска фирма основана во декември 2002 год. со седиште на ул.Васил Ѓорѓов бр 34.  во Скопје. Основна дејност на фирмата е дистрибуција и производство на ортопедски помагала, болнички програми тесно специјализирани за функционирање во клинички сали, хирургија, анестезија и други производи од широка потрошувачка наменети за нашите клиенти.

На своите партнери и корисници им нудиме широк спектар на услуги базирани на современи светски технологии со најповолни цени.

Со својата дејност ,освен Хрватскиот , го покриваме и пазарот на Босна и Херцеговина и Словенија, а од 2003 год. Својата дејност ја проширивме и на пазарот на Србија и Црна Гора.

Делуваме како генерален и ексклузивен дистрибутер на преку 35 светски познати фирми и обезбедуваме снабдување на нашето здравство со важни артикли од рехабилитациски и терапевстски асортиман кој вклучува:

повеќе

СТИЛМ 2009 . Сите права задржани.