009Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, на 25 јуни 2022 година ја реализира програмската активност „Музички средби на лица со телесен инвалидитет“, годинава 27-ми по ред.
За разлика од традицијата домаќин на ова средба да биде градот Струмица, годинава за прв пат домаќин на овие средби беше Здружението на лица со телесен инвалидитет на Радовиш - Мобилност Радовиш.
Музичките средби, кои и оваа година беа од ревијален карактер, се одржаа во центарот на Радовиш, на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“, со техничка поддршка од Домот на културата, „Ацо Караманов“ од Радовиш.
На настанот учествуваа 10 талентирани лица со телесен инвалидитет, членови на Мобилност Македонија од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Струмица, Штип и Радовиш, а во придружба на музичарите од оркестарот на Мобилност Македонија, „Феникс“.
Како и секогаш, улогата на водител на манифестацијата му беше доделена на еминентниот водител, новинар и текстописец од Струмица, Ѓорѓи Калајџиев.
Пред насобраните случајни минувачи и членови на Мобилност од повеќе здруженија, учесниците на манифестацијата настапија по следниот редослед:
1.Ангел Апостолов од Велес, со песната „Кога падна на Пирина“
2.Ѓорги Здравески од Прилеп, со песната „Девет години“
3.Ванѓа Јованчева од Штип-Злетово, со песната „Мори чупи Костурчанки“
4.Иле Гичев од Струмица, со песната „Кажи ми Наде вистината“
5.Влатко Најдоски од Прилеп, со песната „На шарена чешма“
6.Николчо Делов од Кавадарци, со песната „Една мисла имаме“
7.Христина Проскова од Скопје, со песната „Твојте очи Лено“
8.Петре Јованов од село Подареш -Радовиш, со песната „Јоване море Јоване“
9.Гоце Миновски од Скопје, со песната „Ти, само ти“
10. Стеван Ангелески од Прилеп, со песната „Железар да бидам“
Настанот го збогатија со своето учество:
-Ансамблот на староградски народни песни „Распеани Радовишани“ при Домот на културата „Ацо Караманов“ од Радовиш, и
-Играорната група „Бучим“ од Радовиш.
001.jpg 002.jpg 003.jpg

004.jpg 005.jpg 006.jpg

007.jpg 008.jpg 009.jpg

010.jpg 011.jpg 012.jpg

013.jpg 014.jpg 015.jpg

016.jpg 017.jpg 018.jpg

019.jpg 020.jpg 021.jpg

022.jpg 023.jpg 024.jpg

025.jpg 026.jpg