НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

001На 02.12.2021 година, по повод одбележувањето на 3. Декември - Меѓународен ден на лицата со инвалидност, Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски беше во работна посета во ДХО „Даре Џамбаз“ каде се состана со претседателите и претставниците на Националните инвалидски организации, членки на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ).
Средбата ја отвори претседателот на НСИОМ, Дејан Ѓорѓиевски, а потоа збор зеде Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски, истакнувајќи дека како и минатите години, дојден е да ги слушне потребите на лицата со инвалидност и во рамките на неговите ингеренции, контакти и деловни врски, да помогне во реализацијата на барањата за подобрување на правата и положбата на лицата со инвалидност во нашата држава.
Во продолжение на едно ипол часовната работна средба, за проблемите и потребите на членовите на НСИОМ дискутираа претставниците на националните инвалидски организации за кои ги застапуваат и тоа:
- Жарко Селковски - претседател на Национален сојуз на слепи лица на Македонија-прашања и предизвици на слепите лица;
- Томица Стојановски - претседател на Национален сојуз на глуви лица на Македонија прашања и предизвици на лицата со оштетен слух;
- Бранимир Јовановски - претседател на Мобилност Македонија- прашања и предизвици на лицата со телесен инвалидитет;
- Др.Василка Димоска Де Јонг – генерален секретар на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост - ПОРАКА - прашања и предизвици за лицата со интелектуална попреченост;
- Бранимир Јовановски, претседател Параолимпискиот комитет на Северна Македонија – прашања и предизвици за спортот на лицата со инвалиднос;
- Ѓорѓи Боризовски- претставник на Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија – прашања и предизвици за цивилните инвалиди; и
- Џеват Палоши – потпретседател на Националниот сојуз на трудови инвалиди на Македонија- прашања и предизвици на трудовите инвалиди.
Сите дискусии на излагачите беа насочени кон проблемите во однос на пристапноста, образованието, здравствената заштита, вработувањето, спортот и културно - забавниот живот, за лицата со инвалидност, но и функционирањето на националните инвалидски организации и нивните 137 здружени членки, финансирањето и предизвиците кои ги носи пандемијата од КОВИД-19.
На крај од средбата, претседателот на НСИОМ, Дејан Ѓорѓиевски, ја врачи нагарада „3-ти Декември“ на Македонскиот институт за медиуми, за особен придонес во кампањите за подигање на нивото на јавната свест за потребите на лицата со инвалидност.