LogoОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ ВРЗ КОИ СЕ ЗАСНОВА ОВОЈ ПРОТОКОЛ СЕ:

Заштита на здравјето на атлетичарите и нивните семејства;
Заштита на здравјето на тренерите и нивните семејства и
Заштита на здравјето на другите вработени и соработници кои ќе стапат во контакт со атлетичарите по продолжувањето на натпреварот како и службените лица на натпреварите.
ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ
1. Одржување на 2 метри растојание;
2. Носење на заштитна опрема;
3. Дезинфекција на рацете
· Поставување на средства за дезинфекција кои содржат најмалку 70% алкохол, за дезинфекција на раце и нозе на одредено место, со назнака за задолжително користење пред секој тренинг и натпревар;
· Употребата на заштитни маски е задолжителна освен за натпреварувачите кои се на атлетските борилишта за времетраење на дисциплината;
· Секој поединец треба да има своја спортска опрема (лично);
· Секој Сојуз за спорт и рекреација на инвалидите (во натамошен текст ССРИ) има обврска да обезбеди доволна количина на заштитни маски и средства за дезинфекција кои редовно ќе ги употребува пред и по натпреварот;
· Секој ССРИ има обвска сам да го организира транспортот на своите атлетичари до стадион запазуваќи ги протоколите, препораките и мерките за транспорт на лица;
· Зачестено чистење и дезинфекција на сите простории на стадионот кои се користат, материјалите и опремата;
· Одржување на препорачано физичко и социјално растојание (нема ракување, гушкање, фрлање или кој било друг контакт);
· Соблекувалните, тоалетите и останатите помошни простории на стадионот се затворени и надвор од употреба.
ПРОТОКОЛ ЗА АТЛЕТКИ НАТПРЕВАР:
Можна локација за организација на натпреварите :
- Национална Арена „Тоше Проевски„ – Скопје
- СРЦ Билјанини Извори , стадион „Атина Бојаџи„ – Охрид
ПРИЈАВА ЗА НАТПРЕВАР
· Секој ССРИ има обврска своите пријави да ги испрати по електронски пат најмалку еден ден пред одржување на натпреварот;
· Параолимпискиот комитет на Северна Македонија на официалната емаил адреса на здружените ССРИ ќе испрати стартната листа, време на одржување на натпреварот, време на одржување на спортската дисциплина и техничките правила за спроведување на националното првенство.
· Секоја ССРИ кој со своите атлетичари ќе биде вклучен во натпреварот, и секој атлетичар кој ќе настапи на натпреварот се должни е да потполнат Изјава за согласност.
· Пријава на лице место не е дозволена.
ПРОГРАМА ЗА НАТПРЕВАР
· При изготвување на сатницата , организаторот ќе определи доволни временските интервали помеѓу секоја дисциплина , за да се избегнат дополнителни контакти.
· Бројот на учесниците е ограничен и тоа:
- во спринтерски дисциплини - 8атлетичари ( 2 групи ) ,
- во скокачки дисциплини - 5 атлетичари ( 1 група ), атлетичарите кои ќе настапат во овие дисциплини немаат право да настапат во друга дисциплина, освен ако претходната е спринтерска.
- во фрлачки дисциплини - 8 атлетичари ( 2 групи).
ТЕРЕН ЗА ЗАГРЕВАЊЕ
· Атлетичарите се загреваат надвор од стадионот на своја лична одговорност запазувајќи ги мерките за заштита и превенција од корона вирусот.
СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАТПРЕВАР
· При влез на стадион проверката ќе се извршува со повикување на атлетичарите во точно определен период еден по еден и на растојание од 2 метра, и во одреден период предвиден во самата сатница се појавуваат за влез востадион ( пример: во Скопје - северо-западен влез/старт на 200 метри) каде ќе биде поставен пријавниот центар (call room) облечени во спортска опрема и шпринтерици, носејќи ја својата заштитна маска, каде ќе имаат обврска да ги дезинфицираат патиките во диспанзер и рацете со средства кои содржи најмалку 70% алхокол.
Напомена: Внесување на лични ствари во стадионот од здравствени причини нема да биде дозволено, истите остануваат надвор од стадионот.
· Атлетичарите еден по еден на растојание од најмалку 2 метра, по дезинфекцијата се упатуваат кон пријавната маса видно поставена заштитена со везир на која ќе им се измери телесна температура и доколку се движи помеѓу 36 и 37 степени на истите им се дозволува влез на стадионот и подигаат стартен број од службено лице.
Напомена: За нормална телесна температура на лице се смета температура од 36 до 37 °С со која може слободно да влезе на стадионот. Лице кое при пристигање на стадион има телесна температура од 37.1 оС до 37.2оС се изолира настрана на посебно обележано место или во посебна просторија и се чека 15-20 минути, па повторно му се мери температура (бидејќи е можно евентуално телесно загревање од самото патување до стадионот). Доколку по второто мерење има нормална телесна температура, лицето може слободно да влезе на стадионот, во спротивно на истото не му се дозволува влез на стадионот. Лице кое при пристигање на стадион има телесна температура 37.3оС и повеќе не му се дозволува влез на стадионот. Се известува ССРИ за лицата на кои не им е дозволено да влезат на стадионот, истите да се изолираат од групно патување.
· По поминување на пријавниот центар атлетичарите еден по еден на растојание од 2 метра се движат кон своите стартни позиции / патеки / борилишта;
· Заштитаната маска ја отстрануваат непосредно пред стартот на трката во специална корпа за отпадоци со капак;
· Во техничките дисциплини , секој атлетичар ќе има можност по 3обида и 1 обид за загревање, по секоја употреба од еден спортист, справата се дезинфицира со средство за дезинфекција. Растојанието помеѓу атлетичарите во текот на целиот натпревар е најмалки 2 метри;
· По завршување на трката /фрлачката дисциплина атлетичарите ги дезинфицираат рацете и подигаат нова заштитна маска која имаат обврска веднаш по завршувањето на трката /фрлачката дисциплината да ја постават на своето лице и да го напуштат стадионот запазувајќи го задолжителното физичко растојание помеѓу нив од 2 метра;
· Сите атлетичари што ќе биде на борилиштето мораат да одржуваат физичка дистанца од 2 метра помеѓу сите присутни;
· За време траење на натпреварот ќе биде вклучена и медицинско возило со медицински персонал кој ќе бидат на целта да пружат потребна помош доколку е потребно;
· Сите преносни реквизити како фрлачките справи и штафети ќе се дезинфицираат по секоја употреба од спортист со средство за дезинфекција, вклучуваќи ги и стартните блокови и нивната околина пред следна употреба.
РЕЗУЛТАТИ И ПРОГЛАСУВАЊЕ
· Класично спроведување на прогласување на победници нема да има, дипломи од натпреварите ќе се испраќаат по електронски пат, а дезинфицираните медали во заштитна пластична опаковка спортистите ќе ги подигнат од овластеното лице.
· Резултатите ќе се објавуваат по електронски пат по завршување на секоја дисциплина на нашите социални медиуми .
ОСТАНАТИ ПРЕПОРАКИ
· Секој натпреварувач и учесник на натпреварот се замолува да ги почитува правилата и протоколот за натпревар , како и сите важечки прописи донесени од надлежните институции од РС Македонија;
· Доколку натпреварувач или службено лице за времетраење на антпреварот не се прдржува кон правилата и протоколот ќе биде замолен да го напушти местото на одржување на натпреварот од страна на нашите редарски служби;
· Публика и групирање пред и по натпреварот нема да биде дозволено;
· Носењето на заштитната маска е задолжително, освен за време на трчањето, фрлањето или скокањето;
· Дезинфекциони средства ќе има поставено на секое борилиште.
СУДИИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦА
· За да се запази растојанието од 2 метри стартот на трките на 100, 200 и 400 метри ќе се одвиваат преку еден стартен блок;
· Влез на стадион е забранет за сите тренери, новинари и официјални лица од ССРИ, т.е. право на влез во стадионот имаат само атлетичарите , непосредно пред стартот на трката ( макс. 5 мин), претходно пријавени од страна на ССРИ;
· За време траење на натпреварот на атлетските борилиштата имаат право да присуствуваат натпреварувачите , слижбените лица , технички лица и медицински лица;
· Судиите и службените лица мораат да носат заштитна опрема маски и ракавици (и евентуално визири) за целокупното траење на нивниот ангажман во кој се вклучуваат свесно и на своја одговорност.
ПОСЕБНА НАПОМЕНА
· На натпреварувачите, сите службени лица и судиите, им се забранива внесување на храна и напитоци за целокупното времетраење на натпреварот .
· Со овој протокол ќе бидат запознаени сите ССРИ , атлетичари, тренери, судии, службени лица и останат персонал поврзан со организација и спроведување на натпреварот;
· Доколку се променат рестриктивните мерки, протоколот може да претрпи измени. Основните принципи се обврзувачки за сите ССРИ при изготвување план за отпочнување на процесот за натпревари;
· За сите останати мерки кои не се опфатени со овој протокол, важат други протоколи и мерки за заштита и превенција, и препораките од останатите релевантни иснституции.

 

* Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија спортско-рекреативните активности од својата Програма за работа ги спроведува во соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, па оттаму при спроведување на натпреварите, ќе се користат протоколите на комитетот.