НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА

Mobile menu

logomob

1Екипата во атлетика на Мобилност Македонија во состав: Гоце Миновски Ф53, Ристо Фотевски Ф53, Петко Петковски Ф55 и Елена Давидовска Ф56 од 8-10.09.2017 година учествуваа на „48-от натпревар во атлетика (мемориал проф. Бојана Хроватина), меѓународен натпревар во атлетика за спортисти со параплегија и тетраплегија, кој во органозација на Сојузот на параплегија на Словенија се одржа во Словен Гадец.

Нашите спортисти се натпреваруваа во атлетски повеќебој (копје, ѓуле и диск) и освоија медали и тоа: 


-Елена Давидовска - сребрен медал и 
-Гоце Миновски - сребрен медал
На игрите настапија 86 спортисти од:Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и секако најмногу од домаќинот Словенија. 
Елена и Ристо настапија и на трка на 100 метри со собна количка. Елена го освои првото место во категоријата жени.
Натпреварувачите се натпреваруваа во категории мажи и жени во класи Ф51-Ф57.