Иницијативи:
НСТИЛМ има реализирано огормен број иницијативи заради остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет во сите области на животот.
Во тек се иницијативите на НСТИЛМ за:
- измени на правилникот за остварување на право на средства за инконтиненција;
- стварување на поголеми и нови права од областа на социјалната заштита;
- фективно остварување на правата на лицата со телесен инвалидитет на образование на сите нивоа (ослободување од трошоци, обезбедување соодветен превоз, пристап на образовните институции и др.)
- стварување на правата од областа на вработувањето;
-стварување на право на набавка на патнички возила за личне превоз на лицата со телесен инвалидитет без плаќање на данок и царина;
-други иницијативи
Проекти:
Во тек е реализација на проект на НСТИЛМ: “Положбата на жените и мажите со телесен инвалидитет на пазарот на трудот, финансиран од фондацијата УНИФЕМ;
-аплицирано е со проект за зголемување на капацитетите на НСТИЛМ и здруженијата во користење на информатичката технологија.
Планирани активности:
- Поднесена иницијатива до Министерство за труд и социјална политика за зголемувањето на висината на надоместокот за помош и нега од друго лице и за организирање пилот проект за персонална асистенција.
- Поведена иницијатива за одредени измени и дополнувања на Правилникот за индикации на помагалата.
- Започнати активности за набавка на нов апартман за одмор и опоравок на членовите во Охрид.
- Започната постапка за усогласување на Статутот со Законот за здруженија и фондации.
-На 19.06.2010 во Тетово ќе се одржи првиот турнир во табала на телесните инвалиди од Македонија.
- НСТИЛМ аплицира со повеќе проекти во Министерството за култура.
Одржани манифестации
- Успешно реализирана првата ликовна колонија на НСТИЛМ. Изработени 40 слики во масло на платно, со кои ќе биде организирана продажна изложба кон крајот на годината.
- На 08.05.2010г. во Дебар одржана работилница на тема „ Положбата на лицата со телесен инвалидитет и помагалата како услов за социјална интеграција“.
- Од 03 до 06 јуни 2010 во Струга и Охрид одржани XXIII -те спортски игри на телесно инвалидизираните лица на Македонија.- на 12.06.2010 во Кратово се одржа работилница на тема „Животот на телесните инвалиди во малите локални самоуправи“.
- Во тек е упатување на членовите на одмор и опоравок во Охрид, во објектите на НСТИЛМ.