MK EN
  Акти
Органи и тела насојузот.
Број на членови
по дијагнози.
Извештај 2009 .
Финансиски извештај 2009 .
Контакт

адреса:
Ул.11 Октомври 42а
1000 Скопје
Р.Македонија

тел./факс:
02/32 11 280

e-mail:
stilm@stilm.com.mk

ИЗВАДОЦИ ОД СТАТУТОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗОТ НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИТЕ
ЛИЦА НА МАКЕДОНИЈА

Член 2
Сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија  е доброволна општествено хуманитарна оргснизација  на телесно инвалидизираните лица на Република  Македонија.                                                                                                                                                       
Во Сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија се здружуваат општинските,мегуопштинските и  градските здруженија на телесно инвалидизираните лица на Македонија,како колективни    членови,а со тоа  и телесно инвалидизираните лица во целата територија на Република Македонија ,како индивидуални членови ,во една заедничка организација  Сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија,заради остварување и заштита на своите здравствени    , економски, социјални,културни, хуманитарни, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и Законот.

Член 12
Цели и задачи на Сојузот се:
-  да ги открива,евидентира и вклучува во Сојузот телесно инвалидизираните лица;
-  да пружа помош на телесно инвалидизиораните лица и
нивните семејства во остварување на законските права на социјална,
здравствена и друга заштита:
-  да дејтвува и работи на планот на унапредување и усовршување на системот на рехабилитација,образование,вработување и заштита на телесно инвалидизираните лица;      
-  да помага во снабдувањето на телесно инвалидизираните лица со протези,опртопетски идруги помагала,санитетски средства и лекови;
-  создавање на услови за сместување и згрижување на телесно инвалидизираните лица кои немаат услови за сместување и живеење во семејство;
-  отстранување на урбанистичките,архитектонски и сообраќајни бариери заради непречено движење и пристап на телесно инвалидизираните лица во јавниот сообраќај,јавни објекти,станбени и други објекти;
-  организирање одмор,закрепнување и рекреација на телесно инвалидизираните лица;
-  организирање културно забавни активности и развивање и помагање на сите видови културно-уметничко творештво на телесно инвалидизираните лица;
-  вршење информативна и издавачка дејност во врска со целите и ѕадачите;
-  превентивно делување на спречување на настанување  на разни видови телесен инвалидитет;
-  соработување,зачленување или поврзување со други организации во земјата;
-  соработување,зачленување или поврзување со  мегународни организации;
-  обезбедување на просторни,материјални,кадровскин и финансиски услови на работа на Сојузот и здруженијата;
-  други цели и задачи утврдени со програмата  за работа.

Член 12
Целите и задачите Сојузот ги остварува преку следните облици и начини на дејствување:
-  прибирање податоци за здравствена, социјална,образовна , лична семејна и друга положба на секој член,систематизирање проучување и статистичко истражување и анализирање на тие податоци заради стекнување поединечна и општа слика  за  положбата на телесно инвалидизираните лица и утврдување на мерките што треба да се преземат заради подобрување на таа положба во сите сфери на животот;                                   
-  запознавање на надлежните органи со утврдените резултати за положбата на телесно инвалидизираните лица и укажување на мерките што треба да се преземат за унапредување на таа положба;
-  иницирање,предлагање и укажување на надлежните органи  за потребните измени и дополнувања на законите и другите прописи со кои се уредува положбата на телесно инвалидизираните лица;
-  организирање семинари, советувања, конференции,разговори, за прашања од интерес на телесно инвалиодизираните лица;
-  изработка на елаборати,предлози на прописи,студии и други стручни и научни проекти;
-  следење и проучување на целокупната законска регулативе од интерес на телесно инвалидизираните лица,нивно информирање со истата заради остварување на законските права;
-  издавање сопствено гласило;
-  иницирање пред надлежните органи изградба,опремување и функционирање на домови за сместување и згрижување  на телесно инвалидизирани лица;
-  организирање и спроведување на одмор и закрепнување на членовите во сопствени објекти и со средства на Сојузот;
-  обезбедување простор за работа на Сојузот  и здруженијата, опремување на просторот со потребни средства, обезбедување потребен кадар и други финансиски и материјални услови за работа;
-  непосреда помош на членовите со средства на Сојузот при набавка на ортопетски помагала,санитетски справи,лекови и користење на други видови здравствени услуги:
-  непосредна помош  со средства на Сојузот на членовите кои западнале во крајно тешка материјална положба;
-  организирање сопствено кулурно уметничко друштво и создавање услови за негова работа,помош на членовите во сите видови на културно уметничко творештво,организирање културно уметнички манифестации;
-  обезбедување постојана комуникација со надлжните државни органи,социјалните,здравствени,просветни,културни,спортски и други организации и институции;
-  соработка со други сродни организации во земјата и со мегународни организации и учество во разни манифестации   конгреси семинари,советувања и другио ви земјата И странствово.
-  членство во домашни и мегународни асоцијации.
-  соработка со домашни и мегународни хуманитарни организации;
-  прибирање и дистрибуција на хуманитарна помош на членовите;
-  анимирање на пошироката јавност преку медиумите,преку плакати и други соодветни начини со проблемите на телесно инвалоидизираните лица И создавање свест за можностите и потребата од нивно разрешување;
-  едукација на предшколската и школската младина за правилен однос кон телесно инвалидизираните лица;
-  сите други погодни облици и начини на дејствување.         

Член 13
Членувањето во Сојузот може да биде редовно,вонредно и почесно.
Редовен член на Сојузот може да биде секој граганин државјанин на Република Македонија кој има телесна инвалидност предизвикана од партаплегија,дистрофија,ампутација на екстремитет,детска парализа,церебрална парализа и мултипла склероза,ако му се сочувани менталните способности и ако не е член на друго  здружение или асоцијација со исти или слични цели и задачи,доколку доброволно пристапи кон Сојузот со потпишување на соодветна пристапница.
Вонреден член на Сојузот може да биде секој граганин државјанинм на Република Македонија кој може и сака со својата работа да допринесе кон остварување на целите и задачите на Сојузот и кој,по предходно одобрение на Извршниот одбор на Сојузот за прием за вонреден член,доброволно ке пристапи кон Сојузот со потпишување на пристапница,за вонредно членство.
Почесен член на Сојузот може да биде граганин државјанин на Република Македонија кој има посебни заслуги во оствасрувањето на целите И задачите на Сојузот и кој,по предхода одлука на Извршниот одбор на Сојузот ,дпоброволно ќе пристапи кон Сојузот со потпишување на соодветна пристапница,за почесно членство.
Редовните членови ги имаат сите права,обврски и должности кои произлегуваат од Статутот и другите акти на Сојузот.
Вонредните членови имаат право да избираат и да бидат избирани во органите и телата на Сојузот,да учествуваат на  манифестации на кои ќе бидат повикани,а не можат да ги користат другите права кои произлегуваат од членството во Сојузот.
Почесните членови можат да учествуваат на седниците на органите на Сојузот и други манифестации на кои ќе бидат повикани И да им се доделуваат специјални признанија И награди,а не можаст да ги користат другите права што ги имаат редовните членови на Сојузот.

Член 19
Органи на Сојузот се:
-  Собрание, и
-  Извршен одбор.

Член 22
Собранието на Сојузот
-  донесува Статут,програма и други акти;
-  усвојува годишен извештај ,насоки и план за работа;
-  усвојува завршна сметка и финансиски план;
-  одлучува за промена на целите и задачите на Сојузот:
-  одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на Сојузот;
-  одлучува за зачленување во домашни и мегународни организации;
-  констатира прием на нови членови и престанок на членови;
-  избира органи на Сојузот;
-  одлучува за престанок на Сојузот со двотретинско мнозинство;
-  одлучува за други пшрашања кои не се во надлежност на други органи и тела на Сојузот, и
-  врши други работи во согласност со Статутот и другите акти на Сојузот.

Член 23
Собранието од редот на своите  членови избира претседател на Сојузот кој истовремено е претседател на Собранието и на Извршниот одбор.

член 27
Извршниот одбор:
-  ги подготвува седниците на Сдобранието;
-  ги подготвува Нацрт-Статутот и другите акти што треба да ги донесе Собраниетио;
-  именува генерален секретар на Сојузот формира стручни служби и врши контрола врз
нивната работа;
-  управува и одговара за управувањето со имотот на Спјузот;
-  подготвува годишен и периодичен извештај за работа;
-  врши други работи.

Член 32
Сојузот го претставува и застапува претседателот нас Сојузот.    

Член  33
Сојузот е непрофитна организација.

Член 34
Сојузот може да стекнува предмети,парични средства и имотни права.
Сојузот средствата за работа ги стекнува од:
-  буџетот на Република Македонија;
-  од добивка од трговски друштва што ги основал со средства на Сојузот и други извори:
-  членарини,прилози,донации.подароци и сл.
Средствата што Сојузот ги стекнува се сопственост на Сојузот.  

Член 35
Имотот и средствата на Сојузот се употребуваат исклучиво за подржување и остварување на целите и активностите утврдени со Статутот.
Со имотот и средствата на Сојузот се располага во согласност со Статутот и Законот.

Член 36
Контрола за наменското користење и располагање со средствата И приходите на Сојузот врши Одбор за контрола
Одборот за контрола го сочинуваат претседател И два члена што ги избира Сиобранието на Сојузот за време од 4 години.

Член 37
Работата на Сојузот е јавна.
Јавноста на работата на Сојузот се остварува;
-  преку издавање сопствено информативно гласило;
-  со давање на известувања преку средствата за јавно информирање за работата на Сојузот;
-  по потреба со присуство на претставици на средства за јавно информирање на седници
на органи на Сојузот;
-  преку издавање на разни сооп  штенија,информации,билтени, монографии И друго;
-  сите други соодветни начини на запознавање на јавноста со целите,задачите и активностите на Сојузот.

СТИЛМ 2009 . Сите права задржани.